Samsung Galaxy A04s: Предност во цената, пријател на вашиот буџет

Објавено на 23.06.2023 14:53 во Рецензија


Samsung Galaxy A04s: Предност во цената, пријател на вашиот буџет

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.3


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Долготрајна батерија;
+ Квалитетни слики фотографирани во текот на денот;
+ Добар еко-систем - кориснички интерфејс;
+ Влез за microSD картичка;
+ Надградба на Android;
+ Ниска цена;
+ 90Hz;

 

Negatives:

- Перформанси за секојдневна употреба;



Целата рецензија

Samsung Galaxy M13 е индиска верзија на нашиот европски модел наречен Galaxy A04s, со поголема батерија. Galaxy A04s има Exynos 850 процесор, 3GB RAM и 32GB ROM меморија, со microSD картичка. Се работи за телефон од 130 евра, што функционира нормално за секојдневни потреби, но ништо повеќе. Цената е одлична.

Дизајн

Дизајнот на телефонот е прилично едноставен и минималистички. Се разбира, повеќето модели од ниска класа на Samsung се генерално слични со позајмен дизајн од претходните модели. SAMSUNG Galaxy A04s има пластичен дизајн, со заоблени агли, со цел да може да ви биде комотен кога го држите во рацете. Предниот панел е исто така заоблен. Позади има сензор за отпечатоци на прсти и општо телефонот изгледа добро. 

Екран

Samsung Galaxy A04s располага со 6.5-инчен IPS LCD панел, што е нормално да се случи во овој ценовен ранг. LCD дисплеите ги ставаат за да се спушти на цена, но еве има добри вести за овој модел, затоа што има екран од 90Hz, наместо од 60Hz, што ќе биде добра компензација за резолуцијата од 720 x 1600 пиксели. Максималната осветленост на екранот изнесува 400 нити.

Батерија

Galaxy A04s функционира со ефикасниот Exynos 850 процесор и батерија со капацитет од 5,000 mAh, што значи долготрајна батерија. Телефонот со комбинирана активност при работа и одмарање има долготрајност од 114 часа, што е одличен резултат.

Софтвер

Galaxy A04s функционира со Android 12 оперативен систем и One UI 4.1 кориснички интерфејс. Ги имаме сите One UI алатки и естетиката. Се разбира, Galaxy A04s може сега да се надгради со најновиот Android 13 оперативен систем и One UI Core 5 кориснички интерфејс. One UI Core 5 има освежен дизајн и ги подобрува перформансите на уредот. Најновиот софтвер овозможува повеќе опции за подобро модифицирање, подобро распоредени виџети, подобрен пристап кон известувањата и split-screen.

Хардвер

Samsung овде вградил Exynos 850 процесор, како што спомнавме и погоре, што значи висока енергетска ефикасност за потрошувачката на батеријата. Се разбира, овој процесор е изработен со 8нм процес на производство, но затоа добива одлична цена, со 8x Cortex-A55 енергетски ефикасните јадра со 2.0 GHz. Графичката картичка е Mali-G52, што значи дека немате голема слобода со избор на игри. Телефонот го има во верзија со 3GB/32GB меморија и 4GB/128GB меморија. 

Камера

Galaxy A04s има тројна задна камера, составена од 50MP Tetracell Samsung главен сензор, со f/1.8 бленда и PDAF поддршка. Samsung вградил уште два сензори со 2MP, од кои едниот е макро камера, а другиот е сензор за длабочина на детали. Селфи камерата изнесува 5MP со бленда од f/2.2. Апликацијата за камерата е иста како кај другите Samsung телефони, супер практична и лесна за употреба.

Со пролизгување на екранот кон лево или десно ги менувате достапните режими, но можете и да ги промените режимите преку viewfinder. Со вертикално лизгање на екранот ги менувате предните и задните камери. Иконката за поставките е лоцирана во горниот лев агол и ви овозможува поголема контрола и модификации во камерата. Се разбира, камерата е одлична во денски услови, а во мрачни услови и малку потешко да се креира квалитетна слика. 

Заклучок

Samsung Galaxy A04s е ценовно прифатлив уред, затоа неговата цена заслужува пофалба. Неговите перформанси и еко-системот од оперативниот систем се доволно добри, со цел да ви завршат работа за секојдневни потреби. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.