Google работи на алатки што ќе ги заменат лекарите

Објавено на 12.07.2023 11:55 во Рецензија


Google работи на алатки што ќе ги заменат лекарите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Роботите со вештачка интелигенција во улога на помош на човештвото во областа на медицината;

 

Negatives:

- Кој ќе прифати одговорност за делата на роботите како лекари;



Целата рецензија

Со години корисниците го користеа Google како „лекар“ што може да го прашаат дури и непријатни прашања, што не се осмелуваат да ги постават на лекарите, или пак нешто што заборавиле да го постават на докторите. Може исто така проверка, дали имаат или немаат потреба воопшто од лекар. 

Со текот на годините лекарите исто така веќе не сакаат да слушаат како пациентите барале и читале на интернет. Се разбира, тоа ќе се промени. Откако Google ја претстави својата верзија на вештачка интелигенција - Bard, „молчаливо“ работи и на робот со вештачка интелигенција, што ќе биде специјализиран точно за медицина. Така се родил Google Med-PaLM 2, алатка со вештачка интелигенција, што одговара на медицински прашања. 

Според пишувањето на The Wall Street Journal, оваа алатка за тестирање е во познатата Mayo клиника уште од април и покажува одлични резултати. Според интерен e-mail, во Google веруваат дека нивната AI алатка би можела да биде од помош кон земјите во кои што е тешко да се дојде до лекар. 

Med-PaLM 2 исто како што лекарите читаат стручна литература со цел да го прошират своето знаење, тој преку одбрани демонстрации учел од медицинските експерти и лекарите. Токму поради тоа во Google сметаат дека нивната AI алатка ќе биде поуспешна во медицината од сите останати генерализирани алатки како што се Bard, Bing или ChatGPT.

Med-PaLM 2 има се уште потешкотии со точноста во давањето на одговори, но во сите останати области како што се сфаќањето, разбирањето и давањето на одговори врз основа на консензус, се на високо ниво и рамо до рамо со лекарите.

Google Med-PaLM 2 ќе почека за широка примена

Med-PaLM 2 дефинитивно не е подготвен се уште да излезе сам во улога на лекар секојдневно, и покрај тоа што има потенцијал и во иднина ќе одигра значителна улога. Неговите способности и понатаму треба да продолжат да се развиваат, како и прифаќањето на идеи, наместо лекар, дијагноза и упат за лекари да дава машина. Во Google се убедени дека медицинските AI алатки ќе бидат позитивна промена во медицината и дека ќе го олеснат донесувањето на дијагнози и одлуката за лекувањето. Мора да се реши и прашањето, кој ќе преземе одговорност ако згрешат? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.