OpenAI постигна договор со AP што ја отклучува моќта на вештачката интелигенција во вестите

Објавено на 16.07.2023 17:19 во Рецензија


OpenAI постигна договор со AP што ја отклучува моќта на вештачката интелигенција во вестите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Генеративната вештачка интелигенција како помош во новинските агенции;

 

Negatives:

- Вештачката интелигенција е трн во око на интелектуалната сопственост;



Целата рецензија

OpenAI и The Associated Press (AP) најавија договор за лиценцирање, кои што овозможуваат пристап на ChatGPT корисниците кон архивата на вестите од AP. Договорот го вклучува делот за лиценцирање на OpenAI во делот на текстуалната архива на AP, додека AP ќе ја применува технологијата на OpenAI за стручност на производите. Финансискиот дел во работата не е објавен.

Со цел да се подобрат системите со вештачка интелигенција, како што е моделот на ChatGPT, OpenAI и другите технолошки компании, се потпираат на големи количини на пишана содржина, вклучувајќи ги книгите, новинските текстови и објави на социјалните мрежи. Сите тие ресурси им овозможуваат да ги обучуваат своите AI модели за генерирање на нов текст, слика и друго.

Меѓутоа, се појави загриженост во врска со можностите за тие системи да произведат погрешни информации, со оглед на тоа колку добро ја познаваат граматиката и човечкиот јазик. Исто така, постојат прашања за надоместокот што треба да го добијат креаторите на содржини и новинските организации, чија работа се употребува за тренирање на тие AI модели.

Не се сите воодушевени од развојот на настаните

Како одговор за наведената загриженост, над 4000 автори, вклучувајќи ги и познатите имиња како што се Nora Roberts, Margaret Atwood, Louise Erdrich и Jodi Picoult, потпишале писмо со кое што се повикуваат програмерите за вештачка интелигенција, вклучувајќи ги OpenAI, Google, Microsoft и Meta, да се позанимаваат со искористување на пракса поврзана со развојот на четбот. Некои автори и комичарката Сара Силвермен дури и поднеле тужби за прекршување на авторски права против OpenAI.

Поранешната потпретседателка на AP и главната службеничка за приходи, Кристин Хејтмен, изразила задоволство од спогодбата со OpenAI. Мило ни е што OpenAI препознава дека содржината на вести се базира на факти неопходни за оваа технологија, која што се развива и дека тие ја почитуваат вредноста на нашата интелектуална сопственост, изјавила Хејтмен. Таа ја нагласува и потребата за рамка што ќе ја штити интелектуалната сопственост и ќе обезбеди праведен надоместок за креаторите на содржини. 

Без конкретни детали за потенцијалните примени во вестите

OpenAI и AP исто така назначиле да се истражуваат потенцијални примени на генеративната вештачка интелигенција во новинските производи и услуги, иако не се наведени никакви конкретни детали. Двете компании ја споделуваат посветеноста кон одговорниот развој и користењето на AI системот, како што е наведено во нивната заедничка изјава.

Додека AP применува различни облици на вештачка интелигенција веќе речиси десет години, вклучувајќи ја автоматизацијата на корпоративните извештаи за заработка и сумирање на спортските настани, организациите моментално не ја користат генеративната вештачка интелигенција во своите вести. Меѓутоа, постои програма што им помага на локалните новински организации во вклучувањето на вештачката интелигенција во своите операции и неодамна вовеле пребарување на архива на слики што ги покренува точно вештачката интелигенција.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.