Ветровите го одложија летот на капетанот Кирк во вселената

Објавено на 13.10.2021 во Новости



Ветровите го одложија летот на капетанот Кирк во вселената

Blue Origin денеска повторно ќе се обиде со летот во вселената, затоа што минатиот лет на Вилијам Шатнер во вселената беше одложен. „Капетан Кирк“ повторно ќе лета денеска во 15:30 по наша временска зона, објавија од Blue Origin

Ова е исполнување на соништата за 90-годишниот актер, а тој ќе стане најстарата личност што патувала во вселената кога ќе се реализира патувањето. Тој досега „управуваше“ со бродот на USS Enterprise во интергалактичката одисеја во Ѕвездени патеки, но сега ќе има сопствено искуство во бестежинска состојба. „Нештата за кои што глумев, сега ќе ги видам од прва рака. Воодушевен сум, загрижен, помалку нервозен и помалку исплашен поради оваа нова авантура“, вели Шатнер.