Xiaomi ќе руши рекорди и со таблетот MiPad

img
Xiaomi е најбрзо растечкиот кинески бренд кој само во 2014 година успеа да продаде 26 милиони смартфони, а сега го најави и MiPad првиот таблет кој ќе го користи истиот рецепт на премиум компоненти, квалитетен дизајн и изработка по многу ниска цена. Единствена забелешка оди на адреса на изгледот кој премногу потсетува на iPad, но тоа не и проблем на компанијата која ја нарекуваат кинескиот Apple.
 
 
Xiaomi MiPad има 7.9 инчен Sharp дисплеј со Quad HD резолуција од 2048 x 1536 пиксели што резултира со многу висока густина на сликата од 324 ppi, што мора да се признае е реткост кај најдобрите таблети. MiPad исто така импресионира и со хардверот кој е управуван од 4+1 јадрен Nvidia Tegra K1 чипсет со 2.2 GHz работен потенцијал на CPU има 192 Kepler јадра на графичкиот чип. 
 
 
Останатите компоненти ги сочинуваат и 2 GB RAM, 16 GB основна вградена меморија, со можност за надополнување до 128 GB преку microSD картича, потоа 8 мегапикселна Sony камера, голема LG батерија со капацитет од 6700 mAh, додека пак за софтверот е употребена најновата верзија на Android 4.4 KitKat.
 
 
Oсновна Wi-Fi верзија на Xiaomi MiPad ќе чини само 230 долари, a 3G или 4G моделите се уште не се потврдени но, доколку се официјализираат нема да достигнат повисока цена од 300 долари што е сосема прифатливо. Xiaomi MiPad како и останатите уреди на Xiaomi кои ги нема на европскиот пазар може само да се порача преку интернет, но компанијата најави поголемо интернацонално присуство кое ќе се реализира во наредниот период.
 

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/