VOCCESS – новата апликација која ќе ти даде насоки во твојата кариера

img

Здружението за професионални обуки и услуги од областа на претприемништвото -  ЦЕФЕ Македонија, заедно со уште четири експертски организации од Шпанија, Бугарија, Италија и Турција, ја создадоа својата прва онлајн алатка за кариерно профилирање и насочување на младите - апликацијата VOCCESS. 

Преку апликацијата VOCCESS - младите ќе можат да ги истражуваат своите интереси, страсти, таленти, способности и вредности поврзани со нивните идни кариери. Целта е да ве води чекор по чекор кон вашата кариера и да ве насочи на патотот кон она што навистина сакате да го работите во својот живот. 

До сега, таа е тестирана и користена од преку 200 млади од Бугарија, Шпанија, Турција и Италија. Во Македонија, алатката беше тестирана на онлајн работилници за кариерен развој. На нив учествуваа 60 средношколци во Кочани и Св. Николе, како и студенти на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. На тие работилници, откако младите добија претстава за нивната кариера, имаа можност и да направат план и стратегија за нивната посакувана кариера преку VOCCESS онлајн курс за кариерен развој.

Креирањето на алатката е направено преку VOCCESS методологијата. За да ги создадат тестовите, прашањата и резултатите во VOCCESS апликацијата, експертите се служеа со: архетипите на Јунг, теоријата на многуте интелигенции, НЛП и кариерни техники за коучинг и професионална кариера.

VOCCESS е веќе достапна и можете да ја превземете на Google Play за сите Android уреди, а многу наскоро и за IOS уредите. Апликацијата е преведена на 6 јазици: англиски, шпански, македонски, италијански, турски и бугарски. Со самото тоа таа е разбирлива за повеќе од 70% од советниците за кариера, наставници, родители и младите ширум светот.

Апликацијата, методологијата и онлајн курсот се бесплатно достапни за сите заинтересирани едукатори, фасилитатори, обучувачи, советувачи, професори, наставници од Макеоднија, благодарение на проектот "VOCCESS ONLINE", кој е финансиран од Еразмус + програмата за стратешки партнерства на Европската комисија. 

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/