Huawei Mate 40 Pro е новиот крал на DxOMark

img

Најновите резултати од DxOMark покажуваат дека Huawei Mate 40 Pro е опремен со најдобрата камера на пазарот. Најновиот смартфон на Huawei доби неверојатен резултат од 136 поени, значително надминувајќи ги дури и своите најдобри конкуренти, благодарение на неговите неверојатни фото и видео можности.

Најновиот смартфон на Huawei, Huawei Mate 40 Pro е тестиран од DxOMark и благодарение на неговите неверојатни одлики како што се 1/1,28” сензор и f/1.9-бленда, сензор од 20 MP со поголеми пиксели и 5x телефото камера, беше оценет како најдобар уред за фотографирање и видеографија на пазарот.

Престижната лабораторија ги оцени техничките и фотографските можности на Huawei Mate 40 Pro, давајќи му конечен резултат од 136 поени. Оцената за фотографија, од 140 поени, се базира на исклучителни перформанси во сите подкатегории и неверојатно интуитивна работа. Меѓу највисоко оценетите параметри на фотографијата се експозицијата, боите и текстурите, кои добија 109, 104 и 101 поен, соодветно. Новиот уред воодушевува и со своите можности за снимање видео, поставувајќи нов стандард во мобилната видеографија. Ова е потврдено со оцените во видео категориите, каде што за клучните параметри добива: авто-фокус - 105 поени, шум - 105 поени, стабилизација - 102, експозиција - 102 и зумирање (Tele & Wide) - 88, и неговата вкупна оцена за видео изнесува 116 поени.

Селфи камерата е оценета со одлични 104 поени.

Целосниот тест, насловен како “Mate 40 Pro Camera - Monstruly Dynamic Range”, може да се прочита тука.

HUAWEI Mate 40 серијата доаѓа со ДНК од Mate. Во последните осум години, Huawei произведе 10 значајни генерации на Mate серијата. Најновиот од нив достигнува уште повисоки врвови во индустријата и се насочува кон искуството на потрошувачите, благодарение на силните инвестиции во R&D, правејќи чекор напред во мобилната фотографија и видеографијата.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/