Стартапот Bintern победник на натпреварот за портал за отворени општини

img

Стартапот Bintern од Битола е победник на натпреварот наменет за избор на решение за изработка на веб портал кој треба да ја зголеми отвореноста на општините и нивната работа.

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во период 14.12 – 17.12.2020, организираше 4 дневен хибриден Предизвик за креирање на онлајн портал за отворени општини, како иницијатива за поголем придонес и вклученост на граѓаните на Република Северна Македонија во одлучувањето за сопствената урбана средина во која живеат.

Победник на Предизвикот е проектот дизајниран од тимот БИНТЕРН, кој што изработи демо креативно и интерактивно решение што најдобро ќе ги изразува:

- Учеството на граѓаните во процесот на буџетското планирање и трошење на локалната самоуправа;

- Корисноста на оваа платформа за општинската администрација за овозможување поголема и видлива вклученост на граѓаните во процесот на структурно и системско планирање и зголемена отчетност при спроведување на буџетот;

- Индексот на транспарентноста, отчетноста, праведноста и вклученоста на локалната самоуправа;

- Информирањето, вклучувањето и следењето на работата на општините преку едноставен и иновативен начин, односно побрз и полесен пристап до јавните услуги за граѓаните и сите релевантни чинители;

- Поврзување на јавно достапни податоци од страна на јавни институции или други бази.

Победникот на Предизвикот, БИНТЕРН, ќе добие награда од 500.000 (петстотини илјади) денари за да го имплементира своето решение. Паричната награда е обезбедена во рамки на проектот “Преку инклузија и транспарентност до еднаквост и квалитет: Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија”, поддржан од Шведскиот Меѓународен Центар за Локална Демократија (ICLD).

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/