Рен Женгфеи: Хуавеј мора да ги намали деловните активности и да се фокусира на стратешките области

img

Деловните активности на Хуавеј треба да продолжат да се намалуваат и да се концентрираат на области со стратешки фокус, наместо да се обидуваат да направат сè, им пиша основачот и извршен директор на Хуавеј, Рен Женгфеи, на вработените во компанијата во неодамнешната интерна е-пошта, сигнализирајќи дека телекомуникацискиот гигантот може дополнително да ги прилагоди своите стратегии наспроти предизвиците и конкуренцијата.

„Бидејќи сме компанија со ограничена моќ, мора да работиме добро и да ги усогласиме проектите што ќе ги правиме. Ние мора да ги искористиме можностите во областите каде што можеме да ги фокусираме своите енергии и да завршиме добра работа со искрен пристап. Само тогаш можеме вистински да најдеме подобро решение од другите “, објасни Рен.

Зборувајќи за „клауд“ бизнисите на Хуавеј, Рен истакна дека додека учи од Амазон и Мајкрософт, Хуавеј мора да го направи своето 30 годишно мрежно искуство единствена предност на пазарот на „клауд“ услуги и да гради диференцирани карактеристики.

„Но, Хуавеј не може да тргне по истиот пат како Алибаба и Амазон, бидејќи немаме „ бесконечни пари од американската берза како нив“, рече извршниот директор.

Аналитичарите велат дека забелешките од Рен доаѓаат во време кога „клауд“ бизнисите на компанијата се соочуваат со засилена конкуренција на домашниот пазар, а стратешките пораки од Рен се повеќе одговор на тешкотиите со кои сега се соочува фирмата.

„Деловната активност на Хуавеј е сè уште ограничена и се соочува со бариери да се развива во поголеми размери. Точките што ги спомена Рен се и обиди кои фирмата ќе ги направи за да се обиде да го пробие тесното грло“, изјави за Глобал ТајмсJианг Јунму, главен пишувачза телекомуникациската индустрија во кинескиот веб портал c114.com.cn.

„Хуавејклауд“ лансираше повеќе од 200 услуги, го користат повеќе од 1,5 милиони програмери и досега привлекоа речиси 20 000 партнери.

„Она што сега разговараме е како да се искористи можноста за дигитализација на владите и претпријатијата, како да се постигне подобар развој и во двете области, и како да се постигне водечка позиција во светот“, рече Рен.

Рен, исто така нагласи дека фирмата треба да „искористи се“ за да изгради голем екосистем за апликации како Амазон, бидејќи без апликации, „Хуавеј клауд“ може да умре.

"Алибаба, Тенцент и веб услугите на Амазон воведоа с повеќе хардверско-софтверски фузиони уреди. Предноста на Хуавеј лежи во хардверот. Ние мора да ги зајакнеме софтверот и екосистемот на апликацијата и не треба да се откажуваме од предностите што ги носи хардверот на „Хуавеј клауд“, - рече Рен.

„Хуавеj беше добар во намалувањето на резултатите пред ова. Конзистентната идеја на Рен не е да инвестира енергија и ресурси во нестратешки области", изјави за Глобал тајмс Ма Јихуа, искусен индустриски аналитичар и близок следбеник на Хуавеј.

Во однос на информатичките технологии Хуавеј има свои предности, но неговиот развој релативно доцни, а основната саморазвиена технологија исто така има свои недостатоци. Наместо конкуренција со Алибаба и Амазон во иста арена, би било подобро да тргне по друга патека каде што може да игра според своите предности.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/