Honor тргна сам со првиот премиум смартфон V40 и компетитивна цена

img

Honor откако се одвои како бренд од Huawei за прв пат лансира самостојно сопствен премиум смартфон кој мора да се признае дека е одлично изработен, а притоа може да се купи по многу компетитивна цена од околу 500 евра.

Honor V40 со 5G мобилна конекција нуди неколку иновации, пред се во дисплејот со стапка на освежување на сликата во распон од 120 до импресивни 300Hz, има резолуција од 2676 x 1236 на OLED панлеот, со големина од 6.72 инчи. 

Исто така камерата на Honor V40 е меѓу најквалитетните со примарен RYYB сензор од 50 мегапиксели, со 1/1.56” опфат на леќата, како и два придружни сензори од 8 и 2 мегапиксели надополнети со ласерски автофокус.

Honor V40 работи со осум-јадрен Dimensity 1000+ процесор, батерија со капацитет од 4000 mAh која преку кабел се полни со брзина од неверојатни 66W, додека пак безжично достигнува брзина од 50W.

Софтверот на уредот е базиран на Android 10 и корисничкиот интерфејс Magic UI 4.0, но засега нема информации дали ќе има пристап до Google Play Store.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/