Мобилната апликација MAXTV GO отсега достапна и на AppGallery

img

Сопствената онлајн продавница за апликации на Huawei, AppGallery, секој ден се збогатува со нови локални и глобални апликации. Новиот додаток на AppGallery е мобилната апликација MaxTV GO со што корисниците на услугите на Македонски Телеком, отсега каде било и во кое било време ќе можат да ги следат сите домашни и странски ТВ канали од листата на достапни телевизии на MaxTVод својот Huawei мобилен телефон.

MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, до 60 национални и странски ТВ канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, услугата ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени ТВ канали, потоа преглед на содржини од последните 3 дена за одредени канали, електронски програмски водич, како и потсетници за омилените содржини.

AppGallery е една од трите најголеми продавници за апликации во светот, која нуди широк спектар на глобални и локални апликации во 18 категории, вклучувајќи навигација и транспорт, вести, социјални медиуми и многу повеќе. Во портфолиото на AppGallery сите апликации се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.

Компанијата неодамна го претстави својот нов паметен телефон – Huawei nova 9, кој на македонскиот пазар е достапен во две бои, Starry Blue и Black, во атрактивен дизајн, исклучително тенок и лесен, и целосно се полни за само 38 минути. Уредот предизвика голем интерес на пазарот, а истиот доаѓа со претходно инсталирана продавница за апликации, па така македонските потрошувачи може да уживаат во програмите на MaxTV GO и на својот нов nova 9.

AppGallery е достапна во повеќе од 190 земји и региони, со 560 милиони активни корисници месечно ширум светот. Од јануари до септември 2020 година, бројот на преземања од AppGallery достигна 384,4 милијарди, а компанијата соработуваше со 2,3 милиони програмери ширум светот. AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/