Xiaomi ги откри новите Redmi Note 12 Pro телефони

img

Xiaomi ги претстави двата нови модела Redmi Note 12 Pro и Redmi Note 12 Pro+, за кои што се уште не ја знаеме цената. Двата уреда се со 6.67-инчен Flow AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција од 1080 х 2400 пиксели и екран од 120Hz. Телефонот има Dolby Vision и DCI-P3 поддршка. 

Под хауба двата телефона имаат 6нм 8-јадрен MediaTek Dimensity 1080 процесор со 2.6GHz, Redmi Note 12 Pro+ има надворешно ладење, што значи дека поефикасно функционира и телефонот има подобро ладење. Двата телефона се со 8GB LPDDR4X RAM меморија и 256GB UFS2.2 меморија.

Имаат тројни камери со главен сензор од 200MP. Redmi Note 12 Pro има 50MP F1.88 камера и 8MP ултраширока камера со 2MP макро сензор. Селфи камерите се со 16MP F2.45. Двата телефона имаат 5,000mAh батерии, при што Redmi Note 12 Pro има 67W брзина на полнење, а Redmi Note 12 Pro+ е со 120W брзо полнење и се полни за само 19 минути. 

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/