Новиот BlackBerry ќе има Qualcomm процесори

img

Полека почнува да се разоткрива мистеријата околу новите смартфони BlackBerry кои ќе работат на сосема нов оперативен систем, апоследните вести поврзани со компанијата Research in Motion даваат добри знаци на надеж.

Најпрво беше откриено дека новите уреди со оперативниот систем BlackBerry 10 ќе имаат екрани со резолуција од 1280 х 720 пиксели, а најновиот податок вели дека RIM ќе соработува со Qualcomm за обезбедување на чиповите за долго очекуваните уреди. Според очекувањата Qualcomm ќе обезбеди Snapdragon S4 Pro MSM8960T процесор. Тој ќе работи со брзина од 1.5 GHz, а доаѓа од серијата Dual Krait која е специјализирана за обезбедување на висока резолуција и мултитаскинг.

Комбинацијата од комплетно нов софтвер, екран со висока резолуција и брз и квалитетен процесор, ветува дека новите BlackBerry смартфони ќе се најдат повторно на високо ниво.

 

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/