Motorola NXT ќе биде најдоброто од компанијата

img

Иако Samsung Galaxy S IV ќе биде претставен во четврток и веруваме дека ќе има голем интерес и огромна побарувачка за телефонот, сепак се уште има и голем број на фанови на Motorola кои со нетрпение очекуваат најнови информации за следниот претставник Motorola X. Ова се очекува да биде првиот телефон кој ќе биде резултат на соработката меѓу Motorola и нејзиниот деловен родител Google.

Последните гласини за овој уред се дека тој ќе се вика Motorola NXT и ќе има 4.7-инчен FHD дисплеј со густина на пиксел од 468ppi, иста како кај екранот на HTC One. Телефонот ќе работи на четири-јадрен NVIDIA tegra 4i процесор, за кој се тврди дека е помоќен од серијата Qualcomm Snapdragon 800, но и со половина големина. Задната камера ќе има 16 МР, додека предната 5 МР, а смартфонот ќе има опција да го следи движењето на очите на тој начин што ќе го контролира скролувањето на екранот, опција слична како што се најавува кај новиот Samsung Galaxy S IV. Димензиите на телефонот ќе бидат 131.2 х 66.7 х 7.9 mm, што значи дека телефонот ќе биде помал и потенок од Motorola DROID RAZR MAXX HD.

Доколку Motorola навистина претстави еден таков модерен и моќен уред, тој ќе биде одлична конкуренција на Galaxy S IV, Xperia Z, како и HTC One. Motorola NXT се очекува да пристигне во мај. 

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/