Sony Mylo 2

img
Sony го претстави својот втор обид во доменот на персонални комуникатори, моделот Mylo 2.







Станува збор за интересен мобилен уред најверојатно наменет за младата генерација која пред се очекува интересен дизајн и напредни можности. Во таа смисла, Mylo 2 е замислен како личен комуникатор преку кој неговите корисници можат во секое време да останат "поврзани".

Што се однесува до техничките карактеристики, Mylo 2 може да се пофали со WiFi конективност, 3.5 инчен WVGA (800x480) дисплеј, комплетна QWERTY тастатура на извлекување, 1.3 мегапиксели камера, медиа плеер, вградена поддршка за Skype, и 1 гигабајт внатрешна меморија која може да се прошири со Memory Stick Duo/Pro мемориска картичка. Информациите за процесорот и РАМ меморијата сеуште не се објавени.



Веројатно некои ќе замерат зошто нема поддршка за мобилна телефонија, но земајќи го во предвид фактот дека првенствено станува збор за интернет пребарувач и медиа плеер, ваквата солуција се чини оправдана токму поради тоа што WiFi пристапните точки ги има практично на секој чекор, а голем број од нив се бесплатни.

Цената на Mylo 2 изнесува 299.99 долари.
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/