Lenovo има таблет голем колку маса

img

 

Најновиот производ на Lenovo може слободно да влезе во Гинис како најголемиот таблет со екран од 27 инчи. Таблетот Lenovo IdeaCentre Horizon Table PC, освен огромниот екран, како што може да видите има и километарско име, па да видиме на кратко што се ќе понуди.
 
 
Lenovo IdeaCentre Horizon Table PC е толку голем што може да го користат истовремено повеќе лица бидејќи има 10 посебни точки на управување. Освен џиновскиот екран овој таблет може да се пофали и со неверојатниот футуристички интерфејс кој наликува на технологијата од научно-фантастичните филмови.
 
 
За ваков голем уред се очекува и врвен хардвер кој е составен од Intel Core i7 процесор, 8 GB RAM, 1 TB хард диск, 720p HD камера и вообичаени портови за конекција. За оперативниот систем е задолжен Windows 8. 
 
 
Lenovo IdeaCentre Horizon Table PC всушност и не e класичен таблет, туку преносен компјутер со екран на допир. Неговата батерија обезбедува само два часа активна работа а, за да го поседувате ова чудо од технологија ќе треба да издвоите 1.700 долари.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/