Facebook ќе прерасне во медиумски сервис

img
Facebook веќе на некој начин е медиум, со оглед на тоа што голем број на корисници се информираат за новите настани токму преку активностите и објавите на пријателите, па токму затоа се планира да се искористи можноста и социјалната мрежа да прерасне во главен извор на информации.
 
 
Според првичните извештаи Facebook сака да им понуди на корисниците можност за сочувување на објавите и на пријателите, како и на новостите на страните на кои сте фан. Слично како и кај Flipboard и Pocket овие вести ќе се сочувуваат за да ги прочитате подоцна, а за целосно реализирање на оваа идеја ќе треба да се вклучат и повеќе интернет медиуми откриени според локацијата и интересите на корисникот.
 
 
Интересно е што Flipboard апсолутно најдобриот електорнски магазин се обидува да прерасне во социјална мрежа каде читателите почесто ќе ги споделуваат информации меѓу себе, додека Facebook веќе го има тој потенцијал, но потребни им се конкретни извори на информации и вести кои ќе им бидат понудени на корисниците.
 
 
Политиката на Facebook во последно време е да навлезе во секој можен сектор, така беше со споделувањето на слики по што следеше купувањето на Instagram, a откако Snapchat сервисот за испраќање на приватни пораки ја одби понудата од четири милијарди долари, социјалната мрежа размилува на своја рака да внесе испраќање на кратки приватни пораки со слики и текст.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/