Пристигна iOs 8 - Совети за инсталирање и Backup

img
Денес Apple ќе ја започне доставата на најновата верзија на оперативниот систем iOs 8 која ќе донесе голем број на нови функции и подобрувања на софтверот и да крајот на вечерта се очекува да биде достапна и за корисниците во Европа. Пред да го проверите iOs уредот за нови системски надградби еве неколку наши совети.
 
 
Доколку имате уред од постарите генерации на iPhone или iPad може да направите едно чистење на сите податоци, апликации и фајлови кои не ви се потреби, по што се препорачува да направите BackUp на вашиот уред преку iCloud за да не дојде до некакви проблеми при волку важна и голема надградба. За да избегнете бришење на важни податоци или слики BackUp може да активирате во менито Settings > iCloud > Storage>Backup.
 
 
BackUp на мултимедијалните содржини може да направите преку iTunes, со активирање во менито iOs device>Backup Now>Manually Back Up and Restore. Кога сите податоци ви се обезбедени следи и најслаткиот момент,а тоа е конечното инсталирање на новата верзија на iOs 8. 
 
Првиот начин е наречен Over the Air, односно новиот софтвер автоматски се појавува на вашиот уред и тоа може да го проверите во менито Settings > General > Software update. Вториот начин кој е посложен е преку iTunes и може да го примените доколку сте нестрпливи. 
 
За оваа процедура треба да го поврзете уредот со десктоп компјутер, при што во iTunes ќе се појави прозорчето со Download&Update по што ја активирате инсталацијата, а некои сметаат дека овој начин е побезбеден и постабилен, но сеедно ефикасни се и двата метода.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/