Lenovo Yoga Tablet 2 - Флексибилна комбинација

img
Lenovo Yoga Tablet  2 е продолжение на иновативната серија на таблети со флексибилен вграден потпирач со кој може да го поставите екранот во различни позиции на гледање со распон од 180 степени. Lenovo Yoga Tablet  2 доаѓа со значителни подобрувања во хардверот и на корисниците им дава избор меѓу два оперативни системи Android 4.4.4 KitKat и Windows 8.1.
 
 
Lenovo Yoga Tablet  2 има две верзии со големина на IPS LCD екранот од 8 и 10 инчи со HD резолуција од 1200 x 1920 пиксели. Хардверот е составен од 64 битен Intel Atom Z3745 со четири-јадра од 1.86GHz, 2GB LPDDR3 RAM, 16 или 32 GB вградена меморија со microSD картичка и надополнување до 128 GB, како и батерија со каацитет до 9,000mAh.
 
 
Во додатоците на Lenovo Yoga Tablet  2 е вклучена и безжична Bluetooth тастатура, како и два звучника со подршка за Dolby Audio и Wolfson Mater HiFi звук. Таблетот има 8 мегапикселна главна и 1.2 мегапикселна предна камера и 4G LTE модем за супер брза мобилна интернет конекција. 

Основната Android верзија на Lenovo Yoga Tablet 2 од 8 инчи чини 249 долари, за моделот со 10 инчен дисплеј ќе треба да платите 299 долари, додека пак Windows моделите се поскапи со 299 и 399 долари.
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/