Sony се посрамоти со скандалозната реклама за PS Vita

img
Најновата реклама за преносната конзола PS Vita на Sony беше веднаш повлечена од ТВ етерот бидејќи пристигнаа голем број на негативни коментари за нејзината содржина која е во одредена мера дискриминирачка, а исто така го навлече и гневот за прикажување на машки и женски стереотипи.
 
 
Во видеото „секси“ докторка објаснува дека мажите го прават тоа скришум, во кревет, под ќебе, алудирајќи на мастурбирање и ги категоризира гејмерите на многу лош начин, а ништо подобра не е ни сликата за жената како сексуален објект. На овој начин Sony си ја наруши репутацијата како компанија која на прво место ги става своите корисници, односно гејмерите кои и онака добиваат злобни коментари од заедницата дека се занесени само во игрите, немаат приватен живот и не им оди со понежниот пол. 

Рекламата за PS Vita се уште може да се најде на YouTube и ова треба да биде поука за Sony при изборот на концепт за маркетинг кампањите кои треба да бидат провокативни и привлечни, но да ги третираат сите корисници со почит, наместо да ги засилуваат општествените стереотипи.
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/