Xiaomi го претставува Redmi 15C: Елегантен дизајн, импресивен екран и моќност за секојдневно темпо

Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча
за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и
технологија за брзо полнење¹, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот
на целиот ден.
Поседува тенко и елегантно куќиштe² со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува
пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава софистицираност. Достапен е во три бои
—Midnight Black, Mint Green, Moonlight Blue. Боите Moonlight Blue инспирирани се од плимата и
осеката и сончевата светлина во различни периоди од денот, со нежен премин на бои кој е
постигнат со техниката на двобојно магнетно мастило.
На предната страна се наоѓа 6,9-инчен HD+ eкран со AdaptiveSync oсвежување до 120Hz⁴ што
овозможува одлично корисничко визуелно искуство, додека AI двојната камера од 50MP снима
остри и детални фотографии во сите услови на осветлување. Redmi 15C, и покрај својот тенок
дизајн², доаѓа со моќна батерија од 6000mAh⁵ која обезбедува до 22 часа гледање видео
содржина или 82 часа уживање во музика⁶. Благодарение на турбо полнењето од 33W¹, батеријата
се полни до 50% само за 31 минута⁶, додека функцијата на обратна енергија⁷ овозможува Redmi
15C да послужи и како извор за напојување за други уреди, обезбедувајќи дополнителна
практичност.
Oпремен со MediaTek Helio G81-Ultra процесор и до 16GB RAM⁸ преку функцијата Memory
Extension, со поддршка за проширување на меморијата до 1TB⁹, Redmi 15C обезбедува брзо и
непречено искуство на користење во апликации, игри и мултитаскинг. Redmi 15C го покренува
Xiaomi HyperOS 2¹º, нудејќи функции како Circle to Search со Google¹¹ и интеграција со Google
Gemini¹² за напреден мултитаскинг и интелигентна асистенција. Благодарение на Xiaomi
Interconnectivity технологијата, вклучувајќи Call Sync и Shared Clipboard¹³, префрлањето на
содржини или синхронизацијата на податоци помеѓу повеќе уреди е исклучително лесно и
едноставно.
Уредот поседува IP64 сертификат¹⁴ за отпорност на прашина и прскање со вода во секојдневни
услови, додека 200% засилувањето на звук¹⁵ ја подобрува репродукцијата на медиуми и
известувања дури и во бучни средини.
Redmi 15C достапен е во конфигурациите 4GB+128GB, 4GB+256GB и 8GB+256GB¹⁶, со почетна цена
од 6,999 MKD. Цените може да варираат во зависност од регионот.
¹ Проверете ја кај локалниот продавач достапноста на адаптерот за напојување во пакувањето.
² Спецификациите на производот може да се разликуваат во зависност од регионот; видете го
вистинскиот производ.
³ Достапноста на бои може да се разликува во зависност од пазарот.
⁴ Освежувањето на екранот може да се постави до 120Hz за поддржаните апликации.
⁵ Типична вредност на капацитетот на батеријата е 6000mAh.
⁶ Податоците се тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi, вистинските резултати може да
варираат.
⁷ Поддржува дo 10W жичано обратно полнење; компатибилно со уредите тестирани во интерните
лаборатории на Xiaomi. Вистинските перформанси зависат од состојбата на батеријата и другите
фактори. Бидете сигурни дека телефонот има доволно батерија и дека е компатибилен уредот кој
се полни.
⁸ 16GB RAM со Memory Extension засновано на верзијата со 8GB RAM. Дополнителната RAM
меморија зазема дел од ROM меморијата. Memory Extension е достапна само ако на уредот има
доволно простор. Вистинската екстензија на RAM зависи од моделот.
⁹ microSD картичка за проширување на меморија се продава одделно; видете ја вистинската
употреба.
¹º Достапноста на функциите, апликациите и сервисот на Xiaomi HyperOS 2 зависи од верзијата на
софтверот и моделот на уредот.
¹¹ Достапно на одредени уреди; потребна е интернет конекција. Функционира со компатибилни
апликации и површини; резултатите може да варираат.
¹² Мобилната апликација Gemini е достапна на одредени уреди, јазици и земји; бара
компатибилни налози и интернет конекција. Достапноста на функциите зависи од јазикот. Gemini
е заштитен знак на LLC.
¹³ Teлефоните и таблетите мора да се надградат на Xiaomi HyperOS 2, со активирани Bluetooth и
WLAN, пријавени на истиот Xiaomi налог и овозможена опција „Settings → Xiaomi Interconnectivity”.
Достапноста на функциите може да варира во зависност од софтверот, апликациите и моделот на
уредот.
¹⁴ Уредот со IP64 сертификат е тестиран во лабораториски услови и докажано е отпорен на
прскање со вода и прашина, во согласност со IP64 класификацијата за заштита од навлегување
според стандардот IEC60529:1989+A1:1999+A2:2013.
¹⁵ Тестирано во интерните лаборатории на Xiaomi. 200% засилување на звукот се однесува на 16
нивоа на звуци во споредба со 15; вистинските ефекти може да варираат.
¹⁶ Достапните конфигурации може да се разликуваат во зависност од регионот. Корисниот простор
и RAM се помали од вкупната меморија поради претходно инсталираниот OS и софтвер.
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »
Мобилна верзија | Целосна верзија