HTC Desire 310 - Нов правец во ниската класа

img
HTC Desire 310 е првиот смартфон на тајванскиот производител кој ќе работи на процесор од MediTek со што се очекува неговата цена да биде многу пониска од вообичаеното, особено по критиките врз HTC дека смартфоните од ниската и средната класа ги продава премногу скапо.
 
 
HTC Desire 310 има 4.5 инчен екран со резолуција од 480 x 854 пиксели, работи на четири-јадрен MediaTek MT6582M процесор со брзина од 1.3 GHz, надополнет со 1 GB RAM, 4 GB вградена меморија со можност за надополнување преку microSD мемориска картичка и има 5 мегапикселна камера.
 
 
Хардверот на HTC Desire 310 го одржува батерија со капацитет од 2000 mAh која во просек активно работи 8 часа. Софтверот пак е составен од оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean и корисничкиот интерфејс HTC Sense UI 5.1. Со овие компоненти и цена од само 230 долари HTC Desire 310 е навистина добар избор за ниската класа
 
img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/