Официјално Motorola Droid Turbo - Максимална енергија

img
Motorola Droid Turbo е новиот супер смартфон на Motorola Mobility кој ја продолжува традицијата со користење на батерии со мега капацитет и овој пат корисниците воопшто не треба да се грижат за полнење, бидејќи ќе имаат на располагање дури 3900 mAh, доволни за дводневна работа без никакви пречки.
 
 
Motorola Droid Turbo има 5.2 инчен AMOLED Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, работи на моќниот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор од 2.7 GHz, Adreno 420 графичка, 3 GB RAM, дури 62 GB меморија, LTE конекција, како и 20.7 мегапикселна камера.
 
 
Motorola повторно го користи сопствениот организациски асистент Motorola Assist управуван со гласовни команди, надограден со оперативниот систем Android 4.4 KitKat кој е речиси непроменет.
 
 
Цената на Droid Turbo во САД ќе изнесува 199 долари со двегодишен договор и како и останатите Droid смартфони неговиот интернационален пласман ќе биде ограничен.
 
img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/