Motorola прави Nexus фаблет за свој ќеиф

img
Motorola на најубав можен начин се раздели од Google со креирањето на најновиот Nexus 6 кој досега ги освои симпатиите, но за да се издвои од оваа понуда се подготува сосема нов фаблет кој ќе биде уште помоќен.
 
 
Според најновите информации Motorola е уверена дека може да постигне успех со голем 5.9 инчен фаблет кој ќе наликува на Nexus 6, но ќе има помоќен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор и дури 4 GB RAM. 
 
 
Втората предност на фаблетот на Motorola во однос на Nexus 6 ќе биде и поефикасниот дизајн, поиздржлива батерија и поквалитетна камера. Сличен успех постигна LG кој откако го изработи Nexus 5 за Google веднаш нападна со фантастичниот LG G3. 
 
Motorola важи за компанија која најдобро поминува во САД и се надева дека со новиот фаблет ќе се наметне и на европскиот и азискиот пазар и доколку ја држи цената на околу 500 евра има големи шанси да ги оствари намерите. 
 
img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/