Alcatel One Touch Idol Ultra - Смартфонот на Iron Man

img
Alcatel OT Idol Ultra е посилната верзија на Alcatel One Touch Idol за кој веќе направивме резенција и прилично ни се допадна потегот на оваа компанија за пласман на се подобри смартфони во средната и ниската класа по евтини цени. Овој смартфон би требало да е за нијанса поквалитетен од останатите „идоли“ во серијата, а негова најголема предност е што е еден од најтенките смартфони на светот со само 6.45 милиметри. Во однос на останатите спецификации нема големи изненадувања, па затоа Alcatel One Touch Idol Ultra е наменет за купувачите со ограничен буџет на кои им треба смартфон со сите новитети, па да видиме дали Alcatel успеал во тоа.
 
 
Дизајн и екран
 
Alcatel како и секогаш прави елегатен дизајн, но без поголема креативност и иновација со која ќе им даде на смартфоните уникатен изглед. Alcatel OT Idol Ultra е изработен од пластика и е многу лесен со само 115 грама, а како што веќе споменавме и многу тенок со само 6.45 милимтри, што го прави идеален за држење во рака и удобно сместување во џеб. Мал недостаток во дизајнот е што влезот за слушалките е отстранет од врвот и е заменет со адаптер кој се приклучува во влезот за microUSB. 
 
 
Неговиот AMOLED екран има големина од 4.7 инчи и стандардна HD резолуција од 720x1280 пиксели. Ова е сосема доволно за добивање на густа пикселација од 316 ppi. Ваквиот приказ на екранот е одличен за гледање на HD видеа, играње на 3D игри, сурфање на интернет, читање на текстови и мултимедијални содржини. За екранот е одбрано заштитното стакло Asahi DragonTrail за кое се тврди дека е многу издржливо. Единствена слабост на овој дисплеј е осветленоста, па како и кај многу други смартфони ќе треба да го наместите светлото на најсилно кога сте на отворено за подобра видливост.
 
 
Софтвер
 
Alcatel OT Idol Ultra работи на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean и врз него не се извршени големи интервенции од страна на Alcatel. Мали промени има во сликите на позадината, неколку дополнителни виџети и кратенки во менито за брз пристап. На смартфонот ќе најдете и неколку прединсталирани апликации како Skype, Torch, Deezer, и две апликации за FM радио. Интерфејсот на Alcatel OT Idol Ultra не е премногу оптоварен со дополнителни анимации и транзиции низ менито, што значи дека во голема мера го добивате основното Android искуство.
 
 
Хардвер, интернет и мултимедиа
 
Најголемиот недостаток на Alcatel OT Idol Ultra е неговиот дво-јадрен MediaTek MT6577  процесор со брзина од 1.2 GHz кој не е доволен за потешки компјутерски операции. Добро би било Alcatel да се потрудил да обезбеди процесор на Qualcomm кој има многу поголем капацитет од неговиот кинески противник. За жал се забележуваат сите негови недостатоци при извршување на операциите, отворањето на апликациите, брзината на интернет сурфањето е ограничена, а се забележуваат и кочења при гејмингот. Смартфонот работи со 1 GB RAM, а достапни се само 16 GB меморија кои не може да се надополнат со мемориска картичка. 
 
 
За интернет достапен ви е новиот мобилен прелистувач Mozilla Gecko, а присутен е и стандардниот Google Chrome. Смартфонот работи на универзалната 3G мрежа со брзина до 7.2 Mbit/s. За конекција се вградени и Wi-Fi, Bluetooth 4.0 и A-GPS . Alcatel OT Idol Ultra може да се пофали со силен звучник, а во делот на мултимедиата ги подржува речиси сите аудио и видео формати како MPEG-4, DivX и Xvid. Употребена е просечна батерија со капацитет од само 1800 mAh која издржува едвај 7 часовна активна работа.
 
 
Камера
 
Овој смартфон иако припаѓа на средната класа има квалитетна 8 MP камера што е позитивно изненадување. Таа е опремена со LED блиц и искористени се речиси сите модерни опции како HDR mode, 360 Panorama, Beauty Face и Night shots. Сликите се со висок квалитет, добро изразени бои, но мали недостатоци има со светлината. Камерата пак снима видеа со резолуција од 720p при 30 fps, а се истакнува постојаниот фокус што резултира со стабилна слика.
 
Заклучок
 
Alcatel OT Idol Ultra е привлечен смартфон со неговиот ултра тенок дизајн и до неодамна беше најтенкиот мобилен уред на светот со само 6.45 милиметри. Освен компактниот дизајн, квалитетниот екран и камерата од 8 мегапиксели, Alcatel OT Idol Ultra заостанува во хардверот, најважната категорија, пред се поради ограниченоста на MediaTek процесорот кој е недоволен за непречена работа, а како што напоменавме постојано се појавуваат кочења кои ќе ја тестираат вашата трпеливост. Затоа пак Alcatel OT Idol Ultra може да биде добар избор доколку го најдете по многу ниска цена, а сакате смартфон со голем екран, понов софтвер и добра камера. 
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/