Alcatel Idol 2 - Секси смартфон по ниска цена

img
Alcatel не се откажува од својата определба да создава евтини уреди кои им овозможуваат на поголем број на купувачи да дојдат до добар смартфон со нова технологија. Alcatel Idol 2 беше промовиран на Светскиот мобилен конгрес во Барселона и досега веќе е нашироко достапен на глобалните пазари вклучувајќи ја и Македонија. Како што беше најавено Alcatel Idol 2 донесе интересна конфигурација за многу ниска цена од околу 200 евра, со свои адути кои го издвојуваат од останатите евтини смартфони од помалку познатите бреднови, па да видиме како се покажа досега.
 
Дизајн
 
Alcatel Idol 2 е изработен од пластика во што нема сомневање, но воопшто не остава впечаток на евтин уред бидејќи со држење во раката добивате чуство на повисок квалитет, а од страна може и да помислите дека смартфонот е изработен од метал, па затоа треба да се пофали трудот кој е вложен. Естетитката на Alcatel Idol 2 е опишана како едноставна, но секси, со рамни линии и мала рамка околу рабовите. 
 
 
Минималистичкиот дизајн е потврден и со страничните копчиња за регулација на тон и вклучување/заклучување кои се добро вградени и не завземаат голема површина и брзо и лесно реагираат при притискање. Alcatel Idol 2 може да се пофали и со супер тенко тело од само 7.3 милиметри, а рамката околу екранот не завзема многу простор, освен на дното каде се вградени Android копчињата за навигација низ интерфејсот. Под екранот на долната страна се сместени два звучника со HD аудио, покрај USB влезот за полначот и поврзување со надворешни уреди.
 
 
Дисплеј
 
Alcatel Idol 2 има доволно голем IPS LCD дисплеј од 5 инчи со qHD резолуција од 540 х 960 пиксели што резултира со задоволителна густина на сликата од 220 ppi. Дисплејот има квалитетна репродукција на бои и осветленост што го прави одличен за гледање на видеа, читање на текст од интернет и играње на мобилни игри. Видливоста од различни агли не ја губи острината, додека пак под директна изложеност на сончева светлина рефлексијата е минимална и нема да имате поголеми проблеми. 
 
 
Софтвер и интерфејс
 
Како и повеќето OneTouch смартфони Alcatel Idol 2 работи на речиси непроменет Android 4.2 Jelly Bean интерфејс со неколку квалитетни додатоци и измени во организацијата на менито. Тоа се забележува при отклучување на екранот каде имате четири кратенки за брза активација на одреди апликации, како на пример веднаш да ја вклучите камерата од заклучениот екран.
 
 
Alcatel One Touch Idol 2 доаѓа со неколку сопствени визуелни теми и позадини, додека пак изборот на основните виџети за приказ на информации, временска прогноза, датум и часовник имаат убав изглед и се многу прегледни, а истото важи и за апликациите за именикот, повикувачот, смс и е-маил клиентот и останатите. Во почетните панели може да креирате и папки со повеќе апликации и алатки за мултитаскинг и организација. Alcatel One Touch Idol 2 наскоро треба да добие и надградба до последната верзија на Android 4.4 KitKat.
 
Перформанси
 
Alcatel Idol 2 нема да ве разочара и остави на цедило кога се во прашање перформансите кои секако не може да се споредат со еден Samsung Galaxy Note 4, но во оваа класа е сосема ефикасен. Alcatel Idol 2 работи на четири-јадрен процесор од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 или 16 GB меморија, слот за microSD картичка со можност за надополнување од 32 GB, како и батерија со капацитет од 2000mAh која може да издржи до 10 часа разговор во 3G мобилна мрежа. Alcatel Idol 2 има и посебна верзија со која може да користите две SIM картички. 
 
 
Смартфонот располага со 8 мегапикселна камера со автофокус, LED блиц, HDR режим на сликање, панорама и уште неколку квалитетни додатоци. Видеата направени со Alcatel Idol 2 се прилично квалитетни со HD резолуција и многу стабилна слика обезбедена преку додатниот софтвер за EIS стабилизација. Предната камера има 2 мегапиксели и ќе послужи за правење на селфи или видео повици.
 
 
Заклучок
 
Alcatel Idol 2 е телефон кој може да се оцени како многу исплатлив за вложените пари бидејќи е добро искомпониран, без поголеми недостатоци во сите категории. Немањето на 4G LTE модем е можеби најголем недостаток, но смартфоните во оваа класа ретко доаѓаат со супер брза конекција за која треба да се издвојат нешто повеќе средства. Alcatel Idol 2 ќе ги задоволи вашите потреби за работа со апликации, користење на интернет и мултимедијални содржини, со ефикасно извршување на операциите без поголеми кочења. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/