Apple никаде го нема во Топ 10 5G смартфони, Samsung и Huawei доминираат

img

Apple положи големи надежи дека оваа година за прв пат ќе настапи на пазарот со 5G мобилни уреди и дека токму адутите со новата комуникациска технологија ќе му овозможат да остане на врвот.



Сепак, информациите за продажбата во октомври се доста неповолни. Имајќи во предвид дека во минатите години токму првите викенди на продажба на новите iPhone смартфони за кои се чекале и денови во редици пред продавниците ги надминувале сите рекорди, оваа година е доста поразлична за Apple.



Според статистиките на Counterpoint во првите десет најпродавани 5G смартфони за октомври воопшто нема место за ниту еден од четирите нови iPhone 12 5G смартфони.

Вистина е дека iPhone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max беа достапни само една недела од октомври за продажба, но како што наведовме во славното минато овие модели во само првиот викенд се продавале во милиони примероци, но сега ниту еден од нив не може да им се доближи на моделите на Samsung и Huawei.



Според податоците на Counterpoint најпродаван 5G смартфон во октомври е Samsung Galaxy Note 20 Ultra со пазарно учество од 5% што е одличен показател за корејскиот бренд бидејќи нивниот најдобар и најскап модел е всушност и најпродаван во овој период.

На топ 10 листата се најде и Samsung Galaxy S20 Plus, уште еден од скапите и големи модели, па така корејскиот бренд во топ 10 има пазарно учество од вкупно 11,9%.



Huawei ги држи второто и третото место со смартфоните Huawei P40 Pro и Nova 7, но благодарение и на останатите модели од оваа листа доаѓа до повисоко пазарна вкупно учество во споредба со Samsung од 15,4% од 5G пазарот.

Исто така и за Huawei ова е огромно достигнување бидејќи годинава нивните 5G смартфони се соочуваат со огромни пречки на пазари како САД, додека пак и таму каде што немаат ограничување од политички причини се принудени да продаваат Android смартфони без пристап до Google Play Services.

Очигледно е дека во формирањето на топ листата клучна улога има пазарот во Кина бидејќи на третото и четвртото место по вкупно пазарно учество на брендовите учествуваат и Oppo и Vivo и двете компании во сопственост на BBK концернот за технологија од Кина.

Поголеми надежи Apple упатува за месеците ноември и декември кога вообичаено американските потрошувачи купуваат нови телефони и електроника бидејќи започнува празничната сезона и тогаш се многу порасположени за трошење на пари, почнувајќи од овој Black Friday.

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/