MSI Modern 14: Супер лесна и моќна серија на бизнис лаптоп, создаден за Вашиот динамичен живот

img

MSI е добро познат по своите гејмерски уреди. Како бренд, изработуваат графички картички, матични плочи, монитори, додатоци и многу други аксесорис, освен лаптопи. Се разбира, поради таа причина имаат фанови низ цел свет, гејмерите секогаш ги сакаат добрите „играчки“ за гејмање. Одредена група на корисници имаат потреба од секојдневен уред за работа, но други, имаат специфични потреби. Доколку ви треба релативно моќен хардвер, многу алатки и точни бои на екранот, ова е тој модел. 

Екран

MSI Modern 14 ви ја нуди својата “True Color” технологија, што ви овозможува точност на боите, со цел да можете да ги едитирате вашите слики и да гледате филмови со пријатни нијанси, а истовремено да уживате без да ве болат очите со филтерот за сина светлина. Лаптопот има 14 инчен Full HD IPS панел и резолуција од 1920 х 1080 пиксели, густина на пиксели 157ppi, што му овозможува комфортно гледање од било кој агол. 

Максималната светлост изнесува 300 нити, додека температурата на дисплејот при максимална светлост изнесува 7800K, што е еден од најладните екрани. Со тестирањето утврдивме дека со овој уред ќе гледате удобно, без да се напрегате да ги детектирате деталите доколку гледате филм, или работите нешто прецизно. 

Заштита од сина светлина

Лаптопот има и заштита од треперење на екранот, благодарение на Pulse-width modulation (PWM) технологијата и што е најважно, заштита од сина светлина. Имено, кога ќе ја намалите светлоста, интензитетот на задното осветлување не се намалува, туку се исклучува и се активира електроника со поинаква фреквенција, што не е забележлива за човечко око.

Во вакви светлосни импулси, целта е да се заштити окото од сина светлина, додека јачината на светлоста останува непроменета. Со активирање на Health-Guard профилот, не само што се елиминира PWM, туку и се намалува штетната сина светлина, додека точноста на боите останува непроменета. Инаку, сината светлина има штетно влијание врз вашите очи, кожата и целото тело.

Дизајн

Овој MSI лаптоп го имате достапен во две верзии на бои: сребрена и карбонско-сива боја. Без разлика која боја ќе ја одберете, неговото тело е изработено од брусен алуминиум, што изгледа неодоливо добро. И не само тоа, тежи само 1.18 килограми, а тенок е само 15.9мм. Ова го прави екстремно портабилен и компактен да го шетате каде што ќе посакате, а во меѓувреме добивате премиум чувство.

Со само една рака можете да го отварате вашиот уред, што се должи на одлично изработениот механизам за отварање. HD камерата од 720 пиксели е позиционирана под дисплејот, Power On/Off копчето е точно на средина под камерата, тастатурата има големи типки и многу е комфортна за пишување, на кои треба да се навикнете, се разбира. Имате и тачпад, кој може да го користите доколку немате потреба од дополнително глувче. Рамките на екранот не се со остри агли, туку изгледа како пресечени агли, што е веќе препознатливоста на дизајнот на MSI.

Приклучоци

Од левата страна на лаптопот, стои приклучокот за напојување со електрична енергија, HDMI конектор со поддршка за 4K резолуција до 60Hz USB Type-C 3.1 порт и аудио џек за слушалки. Десната страна има два порта на USB Type-A 3.1, уште еден USB Type-C 3.1 порт и читач за SD картички. 

Батерија

Уредот доаѓа со полнач за полнење на батеријата од 52W. Со тестирањето на батеријата, при светлост подесена на 120 нити и сите програми исклучени, освен една, батеријата овозможува достапност до 9 часа и 20 минути сурфање или 8 часа  и 30 минути гледање на видеа. Зависно од тоа како го користите лаптопот, така ќе трае и батеријата, која може да биде и помалку од 8 часа, односно 7, како што се наведува на спецификациите на страната на Анхоч.

Перформанси

MSI Modern 14 доаѓа со Intel Core i7-1165G7 процесор до 4.70GHz и 12M кеш меморија, 8GB DDR4 3200MHz RAM меморија и 512GB NVMe SSD меморија. За графичките перформанси тука е Intel Iris Xe Graphics, кој е новото име за интегрираните графички картички. Оваа графика може да се најде само во моќните конфигурации со процесори од 11-та на Intel, како што е овој случај со најновата генерација на i7 процесор. Хардверот на овој лаптоп е дефинитивно нешто што не може да го остави корисникот рамнодушен. За цената што ќе ја платите, добивате дури и повеќе. Поврзувањето со безжичен интернет е со најновиот Wi-Fi 6 стандард, а поврзувањето со други уреди е со Bluetooth 5.1 верзијата. 

Заклучок

MSI Modern 14 е навистина одличен компактен лаптоп, кој се одликува со високо ниво на светлина, тенок е и се чувствува неговиот премиум дизајн. Неговата цена, за вакви перформанси и ваков дизајн е навистина добра. Како што рековме и претходно, располага со Full HD IPS панел, добар и удобен за гледање од сите агли, со висока точност на боите и добра технологија што ја редуцира сината светлина, со цел да можете да спиете мирно и да не го изложувате вашето тело на опасност. Батерија - долготрајна, приклучоци - најнови и повеќе, најновите USB Type-C портови и SD читач за картичка. Што би можел човек да посака повеќе. Ги очекуваме вашите коментари за MSI Modern 14. Што велите?

img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/