HTC Jetstream

img

Кога HTC влезе во играта со таблети, тоа го направи малку на поинаков начин. Додека другите произведувачи се замараа околу 10 инчните екрани, HTC одлучи да направи нешто помал уред, за посемејна намена, со име Flyer.

Но, веќе и корисниците ги научија „финтите“ на големите компании кога се работи за ефикасност. Така и Корејците мораа да се прилагодат на потребите на нивните обожаватели и се одличија да влезат и на овој сегмент од пазарот.
 
Затоа го создадоа Jetstream – првиот 10 инчен уред на HTC. Тука главниот збор го има Android 3.1 заедно со интерфејсот Sense 1.1  за таблети. Но, дали модифицираниот систем, контролата преку пенкалото Scribe и брзината од 700MHz ќе ве убедат дека Jetstream е подобар од неговиот помал брат Flyer? За да ги дознаете сите овие одговори, следете не до крајот на рецензијата. 
 
 
Хервер и дизајн
 
Кога купувате HTC, знаете дека купувате уред со квалитетен дизајн. Првото нешто што ќе го забележите кога прв пат ќе дојдете во контакт со таблетот се неговите димензии. Тој тежи 709 грама, што го прави потенок од неговите конкуренти како Motorola Xoom и Galaxy Tab 10.1. Малата тежина придонесува за тоа таблетот да „лежи“ убаво во раце.
 
HTC има навика телефоните да ги изработува од алуминиум, така што ни овој пат не отстапуваат од тоа правило. Металниот оклоп се протега на речиси целата површина од позади, односно на три четвртини од задниот дел – отстапуваат само две „пластични“ ленти: една веднаш под звучниците која го опкружува micro-USB приклучокот и микрофонот на дното, а другата се наоѓа на врвот каде е опфатена камерата од 8 мегапиксели со блиц. На левата страна од уредот се наоѓаат копчињата за звукот, додека копчето за вклучување и и 3,5 мм аудио приклучок се наоѓаат на врвот.
 
Под задниот оклоп ќе ги најдете слотовите за SIM и microSD картичките, додена пристапот до батеријата од 7,300mAh ви е малку ограничен. 
 
Под хаубата има „еден куп“ технологија. HTC одлучиле Honeycomb да работи на дво-јадрен Snapdragon MSM8260 процесор на 1.5GHz и 1GB RAM меморија. Исто така, има голем број технологии за поврзување како поддршка за 3G / 4G мрежи со LTE, triband HSPA+/HSPA/UMTS, quadband EDGE/GPRS, покрај WiFi и Bluetooth 3.0 стандардите.
 
 
Дисплеј и звук
 
Се разбира, еден таблет не е ништо без својот екран. Она што HTC одлучиле да го стават во Jetstream носи и добри и лоши вести. Се работи за 10 инчен WXGA дисплеј со резолуција од 1280 x 800 пиксели.  Добрите вести се што без проблем ќе можете да си ги гледате вашите YouTube видео клипови со 720p. Лошите вести се што многу често пикселите не се распределуваат соодветно и се шират низ целиот екран. Исто, ништо подобри не се ниту аглите на гледање. 
 
Дополнителнен проблем е надворешната рефлексија. Така што во надворшна средина, дури и со 50% осветлување, сликата е лоша и нејасна – едноставно смета рефлексијата.
 
Кога се работи за звук, вестите се само добри. Звукот кој излегува од двата стерео звучници и сабвуферот е кристално јасден, дури и при максимална силина. Нема грчење, ниту лоша дисторзија.
 
 
Камерите
 
Да бидеме искрени. Повеќето луѓе не би се обиделе да прават фотографии со нивните таблети. Порадо тоа би го направиле со нивните смартфони. Камерата од 8 мегапиксели прави навистина добри слики. Таа прави многу подобри слики од многу конкуренти на Jetstream како и од камерата со 5 мегапиксели кај неговиот помал брат Flyer.
 
Но, повеќе се работи за ефикасност, отколку за квалитет. 10 инчниот дисплеј е одличен за преглед на овие фотографии. Во пресрет излегува и интерфејсот за камерата, кој нуди многу опции како адаптирање на ISO, white balance и резолуцијата.
 
Перформанси и батерија
 
Кога ги прочитавте перформансите како дво-јадрен процесор на 1.5GHz и 1GB RAM меморија, сигурно помисливте дека се работи за ултра-брз таблет. Но, за жал, HTC не успеале добро да ја распределбат неговата моќ за да даде максимални резултати. Се разбира, навигацијата на основниот екран оди како „подмачкана“, но проблемите се јавуваат кога теблетот одбива да го регистрира вашиот допир или може да ве „излаже“ да помислите дека не ви ја регистрирала зададената команда, за подоцна да видите дека се работи за доцнење.
 
Кога се работи за батеријата, сите знаеме дека таблет вакви перформанси ќе ја истроши батеријата додека трепнеме. Во тој поглед Jetstream ќе ве изненади. Се разбира, споменавме од друга страна и дека не дава такво задоволство при работење како некои негови ривали, но многу штеди енергија. Батеријата од 7,300mAh не може да се отстрани и промени од уредот, но со такви перформанси и нема потреба. Таа го држи таблетот во живот неколку дена и покрај долгата употреба на WiFi, 4G мрежата, Google Talk во позадина, сурфање на интернет и др.
 
 
Софтвер
 
Ако го знаете HTC го знаете и интерфејсот Sense. Ако некогаш сте имале можност да работите на некој смартфон со Android, сирурно досега го имате запознаено „натрапникот“ врз Honeycomb 3.1. Иако неговото име за таблет се вика Sense 1.1, сепак тоа е добро познатиот Sense 3.0 интерфејс за мобилни. Тоа најмногу се забележува на основниот екран, каде секоја икона може да си го најде своето место. Други можности за Sense сме ги прегледале многу пати, затоа тука ќе направиме мала отстапка од тоа.
 
Графичкото опкружување може да го регулирате преку менито Personalize. Тука спаѓаат сцени, теми, екрани за заклучување и позадини.
 
Пребарувањето на интернет се одвива без никаков проблем. Тоа се потврдува и на веб-страните кои изобилуваат со голема графика, анимации и разни текстови. Зголемувањето со прсти, исто така, се одвива без проблеми и расипување на задоволството.
 
 
Работа со пенкало
 
Како и на HTC Flyer, Jetstream поддржува работа со пенкало – односно внесување команди преку него. 
 
При првиот обид да го користите пенкалото на екранот, ви се отвора туторијал кој ќе ве запознае со основните негови функции. За почеток достапни ви се неколку стилови, бои и дебелини за пенкалото. Софтверот за препознавање на HTC е доста солиден и нема да ве изневери. Правилно ги пренесува повеќето команди и линии зададени со пенкалото, со едвај забележливо доцнење.
 
Но, еден од поголемите недостатоци е малиот број на апликации за пенкалото на пазарот на Android. Значи, можете да се одлучите да разбиете монотинија и работењето со прсти да го замените со употреба на пенкало, но брзо ќе се откажете кога ќе земете да ја играте Angry Birds и ќе се изнервирате бидејќи пенкалото не може да го долови тоа чувство како вашите прсти.
 
Исто така, голем недостаток, во споредба со неговите конкуренти, е тоа што во самиот таблет нема простор каде да го чувате пенкалото. Значи, ниту надворешна футрола, ниту простор во самиот таблет за тоа.
 
 
Заклучок
 
На хартија, Jetstream ветува многу. 10.1 инчен WXGA дисплеј, дво-јадрен процесор со 1.5GHz, 1GB RAM меморија, 32GB внатрешен простор и камера од 8 мегапиксели која снима видео клипови од 1080p. Додајте ја на ова и поддршката за 4G LTE и имате вистински „играч“.
 
Во реалноста, работите се многу поинакви. 4G LTE технологијата ви ја „цица“ батеријата за многу краток период. Освен тоа, веќе споменавме дека силината на процесорот и меморијата не се на „иста линија“ со распределбата и затоа теблетот е бавен и доцни. А тука да не го споменуваме и лошиот екран кој покрај лошите агли на гледање, во надворешна средина е беден.
 
На крај сè се сведува на брзината. Во САД тој чини 700 долари, но за 500 и 630 долари ги имате Galaxy Tab 10.1 и Motorola Xoom кои нудат подобри перформанси и кога се работи за екран и кога се работи за брзина – додека ја имаат истата или слична „опрема“ како Jetstream – мислиме на 4G LTE поддршката.
 
Значи, како заклучок ќе кажеме дека се работи за тоа до што ви е повеќе дојдено – брзина при пренос на мрежа и батерија или дисплеј и перформанси. 
 
Владимир Ѓуров
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/