Motorola Droid X – Ретроспектива

img
Брендот на Motorola во изминатиов период понуди повеќе смарт уреди, а некои од нив сериозно претендираа да ги загрозат позициите на најпопуларните модели на iPhone, HTC и Samsung. Моделот Droid X се појави на пазарот како моќен смартфон, со големи амбиции и интересен концепт. Во оваа рецензија освен неговите каратеристики, ќе согледаме како се позиционираше Droid X во последнава година.



Генерални карактеристики
                                       
Motorola Droid X излезе на пазарот како најдобриот уред на Android во тој период. Со тоа некое време успеваше да ја носи титулата најмодерен смартфон, со најнова технологија и хардверски компоненти. Ако го споредиме Droid X со денешните водечки смартфони, ќе забележиме дека не заостанува премногу. Работи на процесор од 1GHz и 512 MB RAM. Потоа има 4.3-инчен touchscreen, 8 GB вградена меморија, како и вклучена мемориска картичка со 16GB и 1570 mAh батерија. Сета оваа опрема, комбинирана со 8 мега пикселната камера, се наоѓа на повеќето понови смартфони, кои се движат во тие граници.



Систематски преглед

Дизајн и функционалност– Овој смарфон има впечатлива црна боја. На предната страна има четири копчиња назначени како menu, home, back и search. На левата страна се наоѓаат стандардните портови, а од десната страна леверот за гласност и копче за активирање на камерата.

    

Батеријата од 1570 mAh во никој случај нема да ве изневери. Тоа значи дека едно полнење ќе биде доволно за целодневна активна употреба на овој смартфон. Тука имате и три опции за оптимизирање на трошењето на батеријата Performance Mode, Battery Saver Mode и Smart Mode, кои може да ги прилагодувате во менито Battery Use.



Екранот LCD е со дијагонала од 4.3 инчи со резолуција од 854 x 480. Сликата и дисплејот се одлични со богати и живи бои, но проблемот се јавува на отворено, односно на дневна светлина, при што видливоста е намалена.

  

Камера и мултимедија – Со 8 мега пикселната dual-LED flash камера ќе може да снимате видеа со висока резолуција. Исто така се добиваат квалитетни слики, а ќе најдете и корисни опции, како панорамско сликање.



 На овој смартфон прединсталирани се неколку сервиси како Blockbuster, за гледање филмови.



Заклучни коментари

Според се што е досега изнесено можеме да заклучиме дека Motorola Droid X е смартфон кој бил добра инвестиција за тие што го купиле пред една година. Она што му недостасува, а го имаат новите смартфони е секако 4G, поголема RAM меморија или пак побрз процесор, но да се потсетиме дека овие специфики доаѓаат само на неколку смартфони, кои се и носечки за самите производители.



Доколку пак софтверот е во прашање Droid X доаѓа со постарата верзија на OS Android 2.1, но секогаш се можни одредени надградби. Во однос на ова прашање, веќе пишувавме дека надградбата не оди брзо, па многумина корисници се лишени од употреба на последната верзија на Android.


 
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/