HTC Desire 310

img
HTC Desire 310 e еден од најевтините смартфони на тајванскиот бренд во новата серија од 2014 година наменет за основната при-пејд понуда и е замислен како уред со кој треба да се освојат голем број на купувачи на кои им треба едноставен смартфон без многу екстра додатоци. HTC како што сме анализирале и досега не успева да ја издигне серијата Desire на повисоко ниво пред се поради цената која е прилично солена за средната и ниската класа, а HTC Desire 310 не отстапува од таа шема. Смартфонот сепак, може да биде привлечен за оние кои го почитуваат овој бренд и нема премногу да се мислат за цената од околу 250 долари.
 
 
Дизајн
 
На прв поглед смартфонот веднаш ви дава впечаток дека е дизајниран за помладите генерации и HTC Desire 310 може да биде добар избор доколку купувате прв телефон за вашето дете. Класичниот и бизнис изглед е заменет со шаренолика маска која се истакнува со црвената боја, но повеќе дава впечаток на играчка што секако ќе им се допадне на помладите. HTC Desire 310 има висок квалитет на градбата заради употребата на цврстата пластика од поликарбонат, но од друга страна пак телoто е прилично гломазно со дебелина од 11.2 милиметри и тежина од дури 140 грама. 
 
 
Дисплеј
 
HTC Desire 310 доаѓа со 4.5 инчен IPS LCD дисплеј со низок степен на резолуција од само 480 х 854 пиксели што резултира со густина на сликата од 218 ppi. Проблемот на дисплејот не е во резолуцијата која е прилично стандардна за оваа класа, туку во изразеноста на боите од само 19.000 нијанси со што се забележуваат многу проблеми во нивниот приказ и често се појавуваат сиви тонови и неточни бои. Осветленоста на дисплејот од само 288 нити го прават речиси неупотреблив за надворешни услови заради големата рефлексија на сончева светлина, па затоа ќе мора да држите сенка за да погледнете што има на екранот.
 
 
Софтвер и интерфејс
 
Софтверот на HTC Desire 310 е чудна комбинација на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean кој речиси воопшто не е променет заедно со одредени елементи од корисничкиот интерфејс HTC Sense 5.0. Корисниците ќе го добијат стандардниот распоред на апликациите во главното мени, додека пак на почетниот екран се поставени само дел од виџетите на HTC Sense 5.0. Како дополнување присутни се и агрегаторот на информации и известувања од социјалните мрежи BlinkFeed и апликацијата Video Highlights која креира интересни колажи од вашите слики.
 
 
Хардвер и перформанси
 
HTC Desire 310 има солиден четири-јадрен MediaTek MT6582M процесор со брзина од 1.3GHz кој обезбедува брзо извршување на сите задачи и операции, но впечатокот би бил многу подобар доколку HTC употребил 1 GB RAM, наместо само 512 MB кои се чини дека на моменти не се доволни. Меморискиот капацитет изнесува 4 GB кои може да се надополнат преку microSD картичка, додека пак батеријата има капацитет од 2000 mAh . За поврзување се присутни 3G мобилна конекција со брзина на интернет сообраќај до 21Mbps, како и Bluetooh 4.0, Wi-Fi и GPS.
 
HTC Desire 310 - Нов правец во ниската класа
 
Камера и мултимедиа
 
Камерата на HTC Desire 310 има 5 мегапиксели и постојан фокус со што се добиваат слики со пристоен квалитет, но за жал недостасува LED блиц, па така ќе може да фотографирате само при добра осветленост. Интерфејсот на камерата е богат со различни опции за прилагодување на сцената, како и неколку дополнителни режими на сликање HDR, Panorama, Smile Detection и Auto Scene. Видеата достигнуваат HD резолуција но, имаат слаб квалитет со низок степен на деталност. Мултимедиата ќе ја организирате преку стандардните Android апликации за музика како што е Play Music, сликите преку апликацијата Galery и видео стандардниот видео плеер кој подржува HD резолуција и речиси секаков вид на фајлови. Тоа што може да се истакне кај HTC Desire 310 е квалитетот на звучните кои обезбедуваат силен тон.
 
 
Заклучок
 
За HTC Desire 310 неизбежна е оценката дека се работи за премногу скап телефон иако се продава по цена од околу 250 долари, односно 160 евра поради впечатокот дека за тие пари добивате многу слаби перформанси. Споредбено за слична сума може да најдете смартфони како Motorola Moto G и Nokia Lumia 525 кои се нешто поевтини и имаат повеќе предности, како што е подобар дизајн и за нијанса пооптимизран софтвер. Главните недостатоци на HTC Desire 310 се гледаат во неговиот потпросечен дисплеј, камерата на која и недостасува блиц и хардверот кој со само 512 MB RAM ќе придонесе за бавни рекации при извршување на посложени операции.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
 
img
Летните бури можат навистина да ги оштетат електронските уреди, еве како да го спречите тоа
Во последните денови, копнените делови често се зафатени со грмежи и невреме. Самиот гром можеби нема да им наштети на електронските уреди, но...
Повеќе »

img
Го продал својот удел за 100 долари, а можел да биде мулти-милионер
После лансирањето на ChatGPT, бројни компании брзо го променија својот фокус и тој сега првенствено е насочен кон развој на вештачката...
Повеќе »

img
Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место
Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони....
Повеќе »

img
Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како
Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/