LG G3 S - Прекрасен изглед, ниска цена

img

LG Mobile ја има можеби најразновидната понуда во средната класа покрај Samsung, но за разлика од најголемиот конкурент го применува премиум дизајнот и естетиката и во поевтините смартфони, со тоа што не прави огромни компромиси за да ја спушти цената. Со таа идеја доаѓа и LG G3 S кој е продолжение на премиум смартфонот LG G3 од минатата година како еден од најмоќните на пазарот со тоа што нуди помал капацитет, но затоа пак цената е прилично фер и изнесува околу 200 евра за да може да ги задоволи сите потреби на корисниците со ограничен буџет за нов мобилен уред.

LG G3 S е еден од смартфоните кои често може да се најде кај македонските оператори и токму поради ниската цена е разгледуван од многу потенцијални купувачи, па со нашата анализа се надеваме дека ќе ви помогнеме да ја донесете конечната одлука дали ќе го купите или не.

Дизајн

LG G3 S има речиси идентичен дизајн како и многу помоќниот LG G3, но тоа важи само за изгледот, а не и за самиот квалитет на градба и употребените материјали каде само недостасуваат метални компоненти. Да бидеме искрени ниту LG G3 не е целосно изработен од метално тело како на пример HTC One M8, па затоа и нема да бидеме премногу строги во оценката. Задната страна има поголема заобленост на рабовите што му овозможува и покрај поголемата дебелина удобно да се држи во рака со дополнителна сигурност и спречување на лизгање. 

LG G3 S исто така ја применува философијата на сместување на физичките копчиња на задната страна за контрола на звукот и главното копче за активирање на екранот и заклучување кои би требало поприродно да бидат поблиску до прстите при држење на телефонот и даваат солиден фидбек. Под задната пластична прекривка е сместена и батеријата, како и слотот за microSD мемориската картичка што малку одзема од функционалноста особено ако често ја преместувата истата картичка од еден во друг уред. 

Дисплеј

LG G3 S е најблиску до „мини“ верзија на LG G3 со 5 инчен дисплеј и за жал корисниците немаат можност да користат нешто покомпактен смартфон ако овие гломазни телефони не им одговараат на потребите. Сепак, LG G3 S со 5 инчен дисплеј е доволно компактен за денешни стандарди со тенка странична рамка околу екранот, додека пак на врвот и дното има поголемо издолжување кое ја надополнува неговата висина до . За самиот квалитет на LG G3 S може да се каже дека одлично ја прилагодил HD резолуцијата од 720p со солидна репродукција на бои кои се живи и богати, додека пак изложеноста е на многу прифатливо ниво со контраст кој не е преостар за око. 

Проблемот, сепак не е во резолуцијата која може да пројде за поевтин смартфон, туку е во недостигот на опција за автоматско одредување на светлината, па во различни ситуации ќе треба рачно да ја прилагодувате. Видливоста од поостри агли кај IPS дисплејот е непречена со избледување на детали, додека пак на отворено ќе мора да ја поставите осветленоста на најсилното ниво за да немате проблеми со рефлексија од сончева светлина.

Интерфејс

LG полека и сигурно го исполира Optimus интерфејсот кој сега е речиси целосно модернизиран и надополнет со многу поефикасни контроли, брзи транзиции и сите непотребни елементи и анимации се отстранети. Токму тоа е и најголем адут во средната класа каде се користат послаби хардверски компоненти, па затоа со добра оптимизација операциите се прилично ефикасни и кај LG G3 S. Во главното мени има две категории за приказ на апликациите и виџетите кои може да ги поставите на почетните панели. Тие се едноставно организирани со распоред на икони за брз пристап на дното, икони за апликации кои најчесто ги користите, лентата за пребарување на Google е на средина, а над неа се стандардните виџети за временска прогноза, саат и датум. 

Хардвер и перформанси

LG G3 3 има нешто поголеми проблеми во извршување на задачите и не треба да очекувате експлозивни реакции бидејќи го користи ограничениот четири-јадрен Snapdragon 400 процесор кој полека заостанува зад помодерните конкуренти. Хардверот е доста ограничен и со само 1 GB RAM, па затоа мултитаскингот ќе биде неодржлив со активирање на повеќе апликации за работа и организација, а мали проблеми ќе имате и со мобилните игри, па насловите од најновата генерација нема целосно да го искористат графичкиот потенцијал и ќе се соочите со сецкање. 

Интернет сурфањето сепак, е во фокусот на LG G3 S и тука дава нешто подобри перформанси со брзо отварање на веб страните при 4G LTЕ конекција, како и со гледање на видеа од YouTube кои брзо ќе може да ги менувате едно по друго, како и да гледате подолги клипови без сецкање. Батеријата има капацитет од 2450 mAh што во многу случаи е над поставениот стандард во оваа класа и обезбедува речиси два дена активна работа со едно полнење бидејќи нема големо трошење на енергија кај дисплејот и процесорот. 

Камера

LG G3 3 прави добар спој на 8 мегапикселна камера која нема екстра квалитет како сензори на конкурентите кои се расфрлаат со мегапиксели, но затоа пак нуди опција превземена директно од премиум класата, а тоа е ласерскиот автофокус кој е прилично брз и веднаш ја поставува сцената. Боите кои ги продуцира камера се доволно прецизни и богати, но како што може да се очекува од смартфон во оваа класа деталноста е нешто послаба. Општиот впечаток е многу задоволувачки, особено со резултатите кои ќе ги добивате во текот на денот, а присутни се и стандардните додатоци како HDR и панорама. Предната камера со сензор од само 1.3 мегапиксели е под очекуваното ниво на квалитет и е мало разочарување, па затоа нема да биде премногу задоволни со селфи фотките на кои ќе им недостасува поголема деталност и богат израз како кај други смартфони.

Заклучок

LG G3 3 најмногу внимание привлекува со естестката формација и тоа што многу наликува на премиум уредите на LG Mobile што на моменти може да биде разочарувачки бидејќи смартфонот сепак, има многу направени компромиси во хардверот и функциите и не треба да очекувате премногу моќен уред. Освен со убавиот дизајн LG G3 3 може да се пофали со пристоен дисплеј чија видливост е поставена во многу прифатливи рамки, додека пак софтверот со најновите полирања има подобрена функционалност иако одредени елементи се малку застарени. 

Хардверот ќе ви понуди солидни перформанси во секојдневната работа, особено при сурфање на интернет, но ќе ви треба повеќе трпение при работа со повеќе апликации во мултитаскинг. LG G3 3 дефинитивно можел да понуди многу повеќе, но се чини дека производителот повеќе сакал да заштеди, а само да ја продаде визуелната страна на смартфонот, без многу ефиканси алатки за да ве придружува како уред на кој ќе може да се потпрете во секое време. Цената од околу 200 евра или пак понудата за 0 денари со склучен договор за LG G3 3 се најголемиот адут на македонскиот пазар бидејќи е лесно достапен и со потенцијалите одговара на потребите на корисниците со помал буџет.

Автор

Христијан Станоевиќ

img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

img
Motorola Moto X Style - доминантен во средна класа
Ако не сте забележале, денешната Motorola не е иста како поранешната...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/