Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн

img

R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне кај телефоните од средната класа, кои се обидуваат да понудат квалитет на дизајнот и
попристапна цена во споредба со другите. Oppo R7 Plus го зголемува својот дисплеј во споредба со својот брат R7, има метална конструкција и модерен хардвер за
напојување. Но, дали телефонот ја оправдува својата цена од 500 долари?

Дизајн

Oppo R7 Plus е голем смартфон, само за сериозни љубители на фаблети. Телефонот се одликува со 6-инчен дисплеј, со димензии од 158 х 82 х 7,75мм, што е прилично разумно
за таква категорија на телефон. R7 Plus тежи 192 гр, екранот зафаќа речиси 77% простор од телото, изгледа добро и се одликува со голема цврстина. Има правоаголен
облик, заоблени агли за подобра контрола при држењето и страните се украсени со засечени жлебови. Телото е обликувано со магнезиумско-алуминиумска легура и тоа е
постигнато наводно со 48 процеси на полирање. Во материјалот има и пластика - две пластични ленти од задната страна, каде што се поставени антените. Дисплејот е
покриен со остро Arc Edge 2.5D стакло, кое претставува модерен начин за стилизирање на рабовите на смартфонот. 

R7 Plus има звучник и скенер за отпечатоци од задната страна, кој е обликуван како кружен правоаголник. Практичното искуство со скенерот е добро и лесно се ракува со
показалецот, но има мали проблеми затоа што треба прецизно да го погодите местото за да профункционира. Понекогаш се потребни два или три обиди за да го отклучите
уредот, така што скенерот го оценуваме како просечен. Дизајнот нема прецизни контури како iPhone 6 или рачно полирани сјај како кај HTC One M9, но R7 Plus си има свој
шарм, изграден со внимание кај деталите. Oppo R7 Plus има можност за ставање на две СИМ картички, или две Нано СИМ картички, однсоно една Нано СИМ-картичка и една
microSD картичка истовремено. 

Дисплеј

Oppo R7 Plus има 6-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080x1920 пиксели, со густина на пиксели од 367ppi. Ова значи дека телефонот има остра слика, но не е
толку јасна како што можете да ја видите онаа на Quad-HD резолуција со слична големина. Температурата на бојата на екранот изнесува 8149 келвини, што е сосема студено,
а ова резултира со сина боја што не е голем проблем и не ги извештачува премногу природните бои. Просечната гама вредност од 2,14 ни кажува дека осветленоста со сивата
боја е прилично точна. 

Максималното ниво на осветленост изнесува 329 нити, што е добра цифра, но не е доволна за нормална употреба на силно сонце. Стаклената маска на R7 Plus е сосема
рефлексивна, која има минимално ниво на осветленост од 4 нити, соодветна за читање пред спиење. Инаку, R7 Plus има вградена функција за намалување на премногу сина
светлина емитирана од неговиот екран.

Интерфејс и софтвер

Oppo R7 Plus работи со Android 5.1.1 Lollipop, кој може да биде надграден со најновата верзија на Android 6.0 Marshmallow. Телефонов има кориснички интерфејс ColorOS
2.1, кој ни се допаѓа во поголемиот дел. Како и повеќето кинески кориснички интерфејси, дизајнот на интерфејсот е краден од iOS на Apple. Интересно е што интерфејсот
потсетува на iOS, затоа што компанијата се обидува да го задржи и прилагоди неговиот дух кон Android. Пример за тоа е Theme Store, со претходно изработени теми, кои го
зачинуваат вашиот homescreen со неколку икони и позадини. За жал, помина долго време откако не се објавени нови теми, па и покрај тоа што ги има во голем број,
интерфејсот изгледа запустено. Но, ако не сакате да преземете претходно направени теми, само кликнете на Personalize, за да добивате неделни ажурирања на галеријата за
позадини во сите видови на категории. 

Апликациите и менито на Oppo изгледаат многу едноставно и не ја загрозуваат функционалноста. Oppo ја подобрил речиси секоја апликација и добро ја оптимизирал
апликацијата наречена Security Center. Оваа апликација се грижи за чистење и одржување на вашиот систем. Додека екранот е исклучен, со двојно тапнување истиот се буди,
со исцртување на буквата О ја активирате апликацијата за камерата или контролите за музичкиот плеер. Ако сакате да направите скриншот на екранот треба да тапнете со
три прсти одеднаш на екранот, со двата прста може да ја прилагодувате јачината на звукот на копчето од страната, со двојно допирање на екранот го заклучувате истиот,
за активирање на камерата имате гест со прстот, итн. Гестовите функционираат одлично, а најзначајна е безбедноста со отпечатоците. По снимањето на вашиот уникатен
отпечаток, можете повторно да го користите за да го отклучите паметниот телефон и да ги отворите заклучените апликации. 

Процесор и меморија

Oppo R7 Plus има иста хардверска конфигурација како помалиот R7 што излезе пред него. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 615, octa-core 1.5GHz процесор, Adreno 405
графички процесор и 3GB RAM меморија. Oppo ви обезбедува 32GB внатрешна меморија, која можете да ја зголемите со помош на microSD картичка, доколку не
сакате да ги искористите предностите на функционалноста на двете СИМ картички. Според бенчмарк тестовите, Oppo R7 Plus има идентични перформанси како Oppo R7, кои се одлични при обработка на податоците, но има лоши 3D графички перформанси.
Фаблетот може да се справи со повеќето обични 3D игри, но не очекувајте да ви овозможи да ги играте тешките игри како што се Gameloft's Asphalt 8 и Modern Warfare. 

Интернет, конекција и батерија

Oppo R7 Plus се одликува со 4G LTE интернет конекција, GSM, UMTS, итн. Прелистувачот на Oppo е доволно добар за брзо лоадирање на страниците, иако не се некои екстра резултати. Chrome овде добро се покажува со својата функционалност, кој спаѓа во Google апликациите како класичен прелистувач. Oppo морал да стави батерија од 4100mAh, со цел
доволно да го напојува својот 6-инчен дисплеј на R7 Plus. Капацитетот на батеријата е доволен за дневни потреби, која трае 9 часа и 58 минути со бенчмарк
тестирањето на батеријата, што е многу добар резултат.

Камера

Oppo R7 Plus има Sony IMX278 камера од 13MP на задната страна, двоен LED блиц и ласерски систем со автоматско фокусирање, а предната камера е 8MP. Квалитетот на
камерата е одличен и таа испорачува супер фотографии, која има навидум просечна бројка на мегапиксели. R7 Plus има брз автоматски фокус на дневна светлина, веројатно
поради добриот ласерски систем за фокусирање. Автоматскиот баланс на бела боја е многу прецизен во целина, а општиот баланс на бојата е природен. Камерата има топли
тонови на боја кога фотографирате на утринското сонце. Бучавата се филтрира умерено, а ситните детали се на добро ниво. Кога сликате динамични сцени, HDR режимот на камерата ви овозможува природен изглед на околината. Тоа сепак не е гаранција дека ќе добиете одлична слика, затоа што некои HDR сцени имаат повеќе контраст од оние сликани без HDR, што е малку необично. 

За време на фотографирање во затворени простори телефонот се снаоѓа благодарение на својот LED блиц, без оглед на недоволната осветленост. Во овој случај има доволно
забележливи детали и нема да се пожалите. Апликациите на Oppo R7 Plus се супер, имате колоритни филтри за разубавување на сликите, GIF, Slow Shutter, а од веб
продавницата за апликациите за камерата на Oppo имате и Audio photo, Double exposure, Super macro и RAW. Ultra HD режимот ви овозможува да направите повеќе фотки со 25MP (5824x4368) резолуција, кои секако ќе бидат малку подетални од оние со 13MP. Разликата не е голема, но оние што сакаат да ги сечат своите слики, добро ќе им дојде можноста од овој режим. 

Предната 8 мегапикселна камера на Oppo R7 Plus прави многу добри селфи фотки. Сликите со предна камера не се толку остри како оние со задната поради немањето на авто-
фокус. Згора на тоа, апликацијата за камерата е богата со филтри и начини за разубавување на селфи сликите за Instagram. Сликањето селфи во темница е изводливо, затоа
што Oppo прави замена на екранот со LED блицот и го осветлува вашето лице. Ефектот е сосема прифатлив. Oppo R7 Plus може да снима видео со 1080p, со предната и со задната камера. Сликите немаат острина, а видеото е многу нестабилно, дури и кога го држите смартфонот во вашите раце. Има проблеми и со бучавата од микрофонот исто така, а во бучна средина се добива многу лош ефект. Снимањето во затворен простор
дава поквалитетен звук, но сепак незадоволителен поради шумови. 

Заклучок

Севкупно, Oppo R7 Plus е смартфон за корисниците што сакаат голем дисплеј за интернет и општа употреба и дизајн како приоритет во однос на спецификациите. Фаблетот на
Oppo има многу добра камера, а нејзиниот век на батеријата е одличен. Тоа е она што го прави фаблетот одличен.

Карактеристиките на дисплејот на R7 Plus и спецификациите се речиси достојни за цената, која изнесува 500 долари. За истата сума на пари Galaxy Note 4 нуди подобар
дисплеј od Oppo R7 Plus, со значително побрза графика, подобра камера и дополнителна функционалност во споредба со Oppo R7 Plus. Потоа Google Nexus 6 има подобри
перформанси и подобар екран, а чини помалку, односно 400 долари. Според наведеното, двата претходни телефона е поразумно да се купат. Што мислите вие?

Автор: Александар Младеновски

img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
LG G3 S - Прекрасен изглед, ниска цена
LG Mobile ја има можеби најразновидната понуда во средната класа покрај Samsung, но за разлика од најголемиот конкурент го применува премиум...
Повеќе »

img
Motorola Moto X Style - доминантен во средна класа
Ако не сте забележале, денешната Motorola не е иста како поранешната...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/