Siri - катастрофални софтверски проблеми

Објавено на 19.07.2015 во Новости



Siri - катастрофални софтверски проблеми

Виртуелната асистентка Siri на оперативниот систем iOS содржи нов баг. Ако побара корисникот од Siri да му го наполни телефонот до 100%, ќе се случи чудна работа - асистентката во тој случај ја повикува службата за спасување, а кориснисникот ќе има само пет секунди до прекинувањето на повикот. Во прилог на овој текст, погледнете го ова видео за тролање на Siri:



Ако корисникот побара од Siri да му го наполни телефонот, таа може да каже и име на некоја личност од контактите и потоа автоматски ја повикува истата. Најверојатно станува збор за грешка во софверот за препознавање на гласови, па затоа барањето го интерпретира како наредба за повик. Информациите за овој проблем прво се појавија на Twitter, а Apple се уште нема официјален став за оваа компликација.

Автор: Aleksandar Stankov