Vive VR - светот ќе се промени засекогаш

Објавено на 19.07.2015 во Новости



Vive VR - светот ќе се промени засекогаш

Vive наочарите за виртуелна реалност(VR) прв пат Се претставенИ во март на Mobile World Congress и тогаш новинарите биле импресионирани од она што го виделе и доживеале, при што некои коментирале дека доживувањето е фасцинантно и не би сакале да ги извадат наочарите за да не се вратат во досадната реалност. Vive се управува и се движи со два безжични контролери, кои имаат површини чувствителни на допир и типки од задната страна.



„Ние сме на работ на големи промени во компјутерската технологија. Ова засекогаш ќе го промени светот што го знаеме“, гласи коментарот на новинарот од Business Insider, после тестирањето на Vive наочарите за виртуелна стварност, креирани од HTC и Valve.



„Одеднаш бев во потонат брод на дното на океанот. Околу мене пливаа риби, а спроти бродот ги гледав големите ражи. Се свртев и забележав голем син кит, кој му пријде на бродот и малку забави, само за да ме поздрави“, рекол новинарот Дејв Смит, опишувајќи го своето импресивно искуство со виртуелната стварност.



HTC и Valve најавија дека Vive ќе се појави на пазарот кон крајот на годинава, но се уште нема информации за преднарачки, или тогаш дури ќе може да се купи готов производ. Vive наочарите за виртуелна реалност ќе бидат достапни за купување преку Valve VR продавниците. Смит открива дека бил многу тажен кога морал да ги извади наочарите на HTC.



Интерес за оваа технологија веќе покажаа и компаниите како што се Mercedes, Nike и Coca-Colа, кои сакаат да креираат сопствено искуство со виртуелна реалност за своите корисници. Предноста на виртуелната реалност е што поседува речиси неограчечни можности и има примена во секоја индустрија: образование, видео игри, филмови, медицина, воена индустрија, итн.  Другиот голем играч на овој пазар покрај HTC и Valve е Facebook со своите наочари за виртуелна реалност - Oculus Rift.