Официјално Samsung Galaxy Tab S2 - тенок како никој досега

Објавено на 20.07.2015 во Новости



Официјално Samsung Galaxy Tab S2 - тенок како никој досега

Минатата недела Samsung го претстави својот најтенок смартфон досега – Galaxy A8, а денес компанијата го претстави и најтенкиот таблет - Galaxy Tab S2, кој ќе се испорачува во две верзии: дисплеј од 8 и 9,7 инчи. Таблетот се одликува со Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2,048 x 1,536 пиксели, а тенок е само 5,6 мм. Доаѓа со подобрен процесор во споредба со претходната генерација на овој таблет - 8-јадрен Exynos 533 процесор, 3GB RAM меморија, последната верзија на Android Lollipop 5,0 и Samsung TouchWiz интерфејс. Новата верзија на Galaxy Tab има 32, односно 64GB простор за складирање на податоци, кој може дополнително да се зголеми со мемориска картичка од дури 128GB, а треба да се нагласи и дека корисниците ќе имаат на располагање дополнителен 100GB простор преку апликацијата OneDrive на Microsoft. Во рок од две години овој простор ќе се зголеми до речиси 300GB.



Од задната страна се наоѓа камерата со резолуција од 8MP и предна камера од 2,1 MP. Поголемиот модел на Galaxy Tab S2 има дисплеј со дијагонала од 9,7 инчи, со вградена батерија од 5,870 mAh, а помалиот дисплеј 8 инчи има батерија од 4,000 mAh. Двата модела ќе се испорачуваат во 2 верзии: со WiFi и со поддршка за WiFi и LTE, за цена од 399 евра за моделот со 8 инчи и 499 евра за моделот со дисплеј од 9,7 инчи. Овие таблети дефинитивно ќе бидат главните противници на iPad Air 2, но и оние таблети на Apple што допрва треба да дојдат, а компанијата планира да ги претстави во октомври. Samsung се подготвува за наредниот месец со новите смартфони - Galaxy S6 Edge+ со поголем и закривен екран, а Galaxy Note 5 се подготвува за да се бори против iPhone 6S Plus - кој треба да биде претставен од Apple во септември.





Прочитајте повеќе: