Incipio го реши недостигот на меморија на Galaxy S6 и S6 Еdge

Објавено на 21.07.2015 во Новости



Incipio го реши недостигот на меморија на Galaxy S6 и S6 Еdge

Incipio ја пушти во употреба иновативната заштитна маска за Samsung Galaxy S6 и S6 Еdge со можност за користење на microSD мемориска картичка која им недостасува на супер смартфоните и ќе добиете дополнителна меморија со капацитет до 128 GB за 89 долари. 
 
 
Offgrid Battery маската на Incipio покрај заштитата на телефонот од шокови и надворешните влијанија и вградената мемориска картичка, нуди и екстра батерија која ќе ви обезбеди бонус енергија, а го подржува и методот на брзо полнење.