Trakkies - спас за парите, клучевите и телефонот

Објавено на 21.07.2015 во Новости



Trakkies - спас за парите, клучевите и телефонот

Сигурно им се случило на сите барем еднаш да ги заборават паричникот, телефонот или клучевите. Trakkies е тука за да ви помогне и да не ве боли глава повеќе за овие лични работи. 



Уредот Trakkies може да се стави на било кој уред или предмет, кој преку специјална апликација за смартфон го известува корисникот ако заборави нешто кога излегува од дома или од работа. Кога имате таков проблем, апликацијата ви дава прецизни насоки за да го пронајдете заборавениот предмет.



Trakkies функционира преку Bluetooth врска, која ги пренесува информациите до смартфонот, кога корисникот ја напушта просторијата кадешто се наоѓа предметот.



Се очекува Trakkies да се појави наредната година на пазарот, за цена од 40 евра. Новите технолошки алатки сепак ни го подобруваат секојдневниот живот на некој начин, зар не?