Kindle - таблет за тие што сакаат приватност

Објавено на 22.07.2015 во Новости



Kindle - таблет за тие што сакаат приватност

Kindle таблетите на Amazon имаат пристапна цена и служат најмногу за читање книги, а најголемата предност на овие уреди е заштитата на личните податоци. Електронскиот читач за содржини ви гарантира дека никој нема да ве открие што читате. 
 
 
Истражувањето на Business Insider покажало дека голем број на луѓе ја читале „50 нијанси сива“ по дигитален пат, бидејќи не сакале никој во нивната околина да дознае што читаат. 
 
„Ниту мртва не би сакала да ме фатат како ја читам `50 нијанси сива`, а Kindle ми овозможи да го правам тоа како да станува збор за било која друга книга“, изјавила корисничка на ваков таблет. 
 
 
Дефинитивно Kindle е за вас ако не сакате другите да знаат што читате, плус тоа што таблетот е погоден за читање во секакви услови. Сега кога одите на плажа нема да имате проблем со светлината од сонцето, затоа што е изработен од специјален материјал за да читате слобоно без да ве болат очи ниту преку ден, ниту ноќе кога има слаба светлина.