ZTE Axon Watch - Нов смарт часовник со висок стил

Објавено на 22.07.2015 во Смарт часовници



ZTE Axon Watch - Нов смарт часовник со висок стил

ZTE го лансираше Axon Watch како нивни прв смарт часовник со елегантен дизајн, висок стил кој асоцира префинетост и квалитетни спецификации. ZTE Axon Watch има кружен дисплеј со резолуција од 400 х 400 пиксели и кожно ремечно.
 
 
Часовникот работи со четири-јадрен процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, Bluetooth 4.1 конекција и 300 mAh батерија. ZTE Axon Watch ќе се управува преку посебен софтвер со рачни гестови, а ќе има подршка за гласовни повици и SMS пораки, следење на фитнес активностите и сензор за работата на срцето. Цената се уште не е соопштена, а пласманот ќе започне наредниот месец.