Цукерберг на пат да стане најбогат човек во светот

Објавено на 24.07.2015 во Новости



Цукерберг на пат да стане најбогат човек во светот

На списокот со најбогати луѓе во светот според Bloomberg Марк Цукерберг се искачи уште едно место погоре и го надмина основачот на Ikeа - Ингвар Кампрада. Богатството на основачот на најпопуларната социјална мрежа во светот оваа година се зголеми за 8,6 милијарди долари и Марк сега тежи над 43 милијарди долари, а има само 31 година. Моментално тој се наоѓа на 9 место на најбогатите луѓе на светот, а со оглед на тоа што Лери Елисон од Oracle заостанува само за 300 милиони долари, односно богатството на Џеф Безос од Amazon е поголемо за околу 400 милиони долари, Марк Цукерберг наскоро би можел да се искачи на седмото место на скалата.
 
 
Медиумите тврдат дека Марк е на пат да стане најбогат човек на светот, но ќе му треба уште многу време за да го надмине Бил Гејтс, кој моментално води на листата, со богатство во вредност од 85 милијарда долари. Останатите најбогати луѓе на светот се Амансио Ортега - 70 милијарди долари и Ворен Бафет со богатство поголемо од 67 милијарди долари. Богатството на Цукерберг порасна со помош на крилата од одличните резултати на Facebook годинава, чија вредност на акции годинава порасна за 25%, а вкупната пазарна вредност на компанијата сега изнесува 275 милијарди долари. Аналитичарите очекуваат дека наредните бизнис резултати на Facebook повторно ќе бележат раст на компанијата и зголемување на заработката врз основа на видео рекламирање и плус од растот на Instagram, со што ќе расте и богатството на Цукерберг.