30 години патување до Windows 10 - историјата на Windows

Објавено на 25.07.2015 во Windows



30 години патување до Windows 10 - историјата на Windows

Microsoft Windows се уште го држат приматот на најпопуларен и најраширен софтвер во светот. Во последно време веќе зема замав и Windows платформата за мобилни телефони. Дали Microsoft Windows се најдобри, најстабилни и најбрзи на светот кога зборуваме во глобала? Не, се разбира дека не се, но без оглед на тоа што некој од Linux-ите го надминуваат за стабилност или брзина, не можеме да го игнорираме влијанието што компанијата од Редмонд го остави врз цело човештво. 
 
 
За 4 дена, на 29 јули официјално ќе биде достапна последната генерација на Windows 10. Ова видео е кратко патување низ историјата, во кое Microsoft започнува  во 1985 година. Тогаш излегле првите Windows 1.0, кои биле во готова форма, а денес би ни биле смешни. Многумина тврдат дека Windows 7 е најдобар оперативен систем, но други ќе кажат дека е XP, додека Vista е еден од најлошите на сите времиња. Windows 8 (8.1) исто така не се докажа добро, но затоа е забрзана постапката за Windows 10. Веројатно многумина не знаат дека Microsoft имаше големо промашување со Windows Odyssey (2000.), Windows Neptune (1999.), Windows Nashville (познати и како Windows 96) и Cairo (1996.), кои биле помпезно најавувани, а на крај се откажани. 
 
 
Во секој случај, погледнете како изгледало сето тоа во последните 30 години, особено ако сте корисник на Windows и едвај чекате да излезе фамозната десетка.