Kira - за одлични селфи фотки во темнина

Објавено на 27.07.2015 во Додатоци



Kira - за одлични селфи фотки во темнина

На љубителите на селфи фотографии им се приоритет за квалитетот на сликата и доброто осветлување кога се сликаат ноќе. Со оглед на тоа што 90% од телефоните немаат блиц на предната камера, сликањето на селфи во темнина е невозможно.
 
 
Жената Јулие Ватаи е јапонски фотограф, која била мотивирана да пронајде решение за овој проблем и така креирала нов, интересен уред. Гаџетот Kira е всушност светло за предна камера за смартфони и има облик на круг, кој лесно може да се приклучи на телефонот. 
 
 
Уредот ја осветлува предната камера, има мали димензии и функционира со помош на две АА батерии. Како ви се чини?