Е-ink - првите дигитални сообраќајни знаци

Објавено на 27.07.2015 во Новости



Е-ink - првите дигитални сообраќајни знаци

Сиднеј е прв град на светот кој започна со користење на променливи сообраќајни знаци, кои користат е-ink екрани за сигнализација. Дигиталните знаци се иновација на компанијата  Visionect, со која може да се менува функцијата и со тоа автоматски се штедат време и пари, бидејќи промените на сообраќајните знаци се прилично комплицирани и одземаат многу време. Знаците се добро видливи, а ноќе се осветлени и лесно се читливи. 
 
 
Пораките на знаците може да се менуваат со далечинско и без дополнителни трошоци, затоа што со 3G мрежа може да се спои безжично и директно со контролниот систем. Можете да замислите и еден ден како ги менувате боите на семафорите кога се брзате со помош на вашиот смартфон?