Motorola ги откри трите нови Moto смартфони со пристапни цени

Објавено на 28.07.2015 во Новости



Motorola ги откри трите нови Moto смартфони со пристапни цени

Motorola како што се очекуваше престави три нови Moto смартфони кои се всушност трето по ред продолжување на X и G сериите. Во повисоката класа доаѓаат Moto X Style и Moto X Sport, додека пак во средната класа Moto G3 ќе биде новиот фаворит со ниска цена и достојни перформанси.
 
 
Moto X Style е елегантен знаменосец со огромен 5.7 инчен TFT LCD дисплеј со Quad HD резолуција, опремен со шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 21 мегапикселна камера со f/2.0 апаратура, батерија со капацитет од 3000 mAh и најнова верзија на Android Lollipop надополнета со голем број на гласовни команди преку Moto Assist. Moto X Style е еден од помоќните смартфони, но со многу достапна цена од само 400 долари.
 
 
Следен во класата е Moto X Sport кој ќе биде поевтин со цена од 300 долари, а ќе понуди 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи со осум-јадрен Snapdragon 615 процесор, 32 GB меморија, 21 мегапикселна камера, но изненадувањето лежи во батеријата со огромен капацитет од 3650 mAh.
 
 
Најевтин е Moto G3 кој се држи до познатата формула на ниска цена од 200 долари, но со многу солидни перформанси. Moto G3 ќе понуди 5 инчен 720p HD дисплеј, работи со одличниот четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, 1 или 2 GB и 16 или 32 GB меморија во зависност од моделот. Камерата на Moto G3 располага со сензор од 13 мегапиксели и 5 мегапикселна камера за селфи, додека пак батеријата има солиден капацитет од 2470 mAh. Како и останатите Moto смартфони може да издржи попрскување со вода но, со подобриот IP x7 серфтификат.