LG G Flex 3 ќе се истакне со моќни перформанси

Објавено на 29.07.2015 во Новости



LG G Flex 3 ќе се истакне со моќни перформанси

LG Mobile се уште не се откажува од својот „флексибилен“ смартфон LG G Flex кој може да се превиткува до одреден степен без да се оштети екранот. Затоа во подготовка е LG G Flex 3 кој ќе биде супер моќен и ќе се обиде да привлече поголемо внимание кај купувачите кои се уште на оваа категорија на телефони гледаат со недоверба.
 
 
LG G Flex 3 би требало да понуди 6 инчен Quad HD дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор, 4 GB RAM, 32 GB меморија, 21 мегапикселна камера, 4G LTE конекција и батерија со капацитет од околу 3500 mAh. Промоцијата на LG G Flex 3 ја очекуваме во почетокот на 2016-та година, па како ви се допаѓа досега овој флексибилен смартфон.
Автор: Aleksandar Stankov