Откриена прва слика од Lumia 1030 со 41 MP камера

Објавено на 29.07.2015 во Новости



Откриена прва слика од Lumia 1030 со 41 MP камера

Lumia 1030 е фаблет за кој се уште постои двоумење кај Microsoft дали вреди да биде лансиран на пазарот бидејќи нема да донесе голем број на иновации туку само за нијанса подобрен хардвер, но новата протечена слика докажува дека сепак смартфонот е во подготовка.
 
 
Според очекувањата Lumia 1030 треба да понуди 5.2 инчен Full HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, одлична 41 мегапикселна PureView камера, a за софтверот ќе ја користи најновата верзија на Windows 10 системот. Промоцијата на Lumia 1030 ја очекуваме во текот на октомври.




Прочитајте повеќе: