DroPrinter - мобилен печатач за се што ќе сликате со смартфонот

Објавено на 30.07.2015 во Новости



DroPrinter - мобилен печатач за се што ќе сликате со смартфонот

Малото принтерче за смартфони ја менува иднината - не е скап, а и печатењето е евтино. 
 
 
DroPrinter е мобилен печатач за смартфони и таблет уреди, кој користи евтина термо хартија, како оние за фискалните благајни. Печати црно бели фотографии, а сето тоа без ниту една капкичка боја.
 
 
DroPrinter се поврзува преку bluetooth, што значи дека можете да фотографирате и веднаш да испечатите. Може да печати во континуитет до 7 часа - белешки, пораки, мејл пораки, дури и цели веб-страници, односно се што е видливо за дисплејот на смартфонот. 

Единственото ограничување на овој печатач е широчината на принтот - 58 мм. DroPrinter чини 99 долари, а ако платите сега, може да го дбоиете во иднина  за 65 долари. Принтерот ќе биде лансиран на пазарот во почетокот на 2016 година. Повеќе детали тука