Sony Xperia C5 Ultra ќе прави слики во дел од секунда

Објавено на 30.07.2015 во Новости



Sony Xperia C5 Ultra ќе прави слики во дел од секунда

Sony Mobile го објави првиот тизер за новиот супер камера смартфон Sony Xperia C5 Ultra за кој вели дека ќе може да прави слики во дел од секунда со бележење на најситните детали. 
 
 
Sony Xperia C5 Ultra ќе биде опремен со две ултра квалитетни 13 мегапикселни камери со силен LED блиц, а сетапот на компоненти исто така е доволно моќен. Sony Xperia C5 Ultra ќе располага со 5.5 инчен Full HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, како и со батерија од 3000 mAh. 
 
 
 
Целосното откривање на супер камера телефонот Sony Xperia C5 Ultra ќе биде одржано на почетокот на август.