Alcatel Conquest е супер водоотпорен смартфон за 100 евра
Објавено на 31.07.2015 во Новости
Alcatel го лансираше Conquest еден од ретките евтини водоотпорни смартфони со цена од околу 100 евра, а притоа внимателно ги одбрал и компонентите за солидни перформанси во основната класа.
Alcatel Conquest доаѓа со 5 720p HD дисплеј со Dragontrail Glass заштита, четири-јадрен Snapdragon 410, процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, microSD картичка, како и LTE конекција за брз преност на податоци, 5 мегапикселна главна камера и солидна батерија со капацитет од 2500 mAh која не е за потценување.
Alcatel Conquest ја поседува Android 5.0 Lollipop верзијата за оперативниот систем што би требало да го држи прилично оптимизиран и погоден за нови софтверски надградби. Останува само Alcatel Conquest да ја добие европската или интернационалната верзија бидејќи за почеток ќе биде наменет за американскиот оператор Boost Mobile.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.